Регион
Албанската тајна служба ги прислушкувала Рама, Мета и некои пратеници
Албанската тајна служба ШИШ надвор од законските овластувања ги прислушувала пратениците од опозицијата додека на власт беше Демократската партија на Сали Бериша пренесуваат албанските медиуми.
Меѓу оние кои биле прислушкувани биле и актуелниот премиер Еди Рама кој тогаш беше лидер на опозицијата , потоа претседателот на актуелното Собрание Илир Мета како и други пратеници .
Оваа оценка ја изнесе Собраниската комисија за контрола на тајната служба , по извршената контрола на работата на ШИШ.
Вишо Ајзази директорот на ШИШ, по барање на тогашната власт предводена од Бериша ги прислушувала пратениците и функционерите на опозицијата – кои имале имунитет , спротивно од законските прописи се вели во сопштението на Комисијата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Комесарката за проширување на ЕУ: Нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги
Агресивната војна против Украина отвори можност за проширување на Европската Унија, но нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги, изјави во комесарката за проширување, Марта Кос.
Таа разговараше со членовите на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент. Посочи дека руската војна против Украина го оживеа процесот на проширување, но дека не треба да се очекува поради тоа да се разблажат условите за пристапување.
„Нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги“, рече Кос. Таа изрази надеж дека во текот на следните шест месеци, за време на полското претседавање со Советот на ЕУ, Украина и Молдавија ќе може да отворат еден или два кластера, а земјите од Западен Балкан ќе отворат неколку кластери и ќе затворат некои поглавја.
„Доколку земјите кандидати истраат во своите реформски напори, би можеле да имаме поголем напредок за време на полското претседателство отколку во последните десет години. Можно е да се одржат 10 меѓувладини конференции за пристапување и мислам дека тоа е изводливо“, рече Кос. Таа додаде дека има реални изгледи за време на мандатот на оваа Комисија, една, две или три земји кандидати да стигнат до целта.
Истовремено, предупреди за сложеноста на процесот на проширување, кој е целосно во рацете на земјите членки, кои мора да дадат едногласна согласност за секој чекор во процесот. „Потребни се 150 едногласни одлуки за почнување и завршување на преговарачкиот процес на само една земја кандидат“, рече Кос.
Таа рече дека треба да се направи сѐ за да се избегнат билатералните прашања што влијаат на преговарачкиот процес, „но тоа веќе се случува и ќе се случува во иднина, па задача на сите нас е да ги решиме кога ќе се појават“.
Регион
(Видео) Вучиќ: Анкетата вели дека мнозинството граѓани на Србија се за моја смена, предлагам референдум
Српскиот претседател Александар Вучиќ проговори за можноста за референдум за негова смена.
„Објективниот и непристрасен CRTA ја извести јавноста дека огромно мнозинство граѓани се за моја смена. Нема покредибилен извор, ниту за меѓународната заедница ниту за политичките партии во Србија, од оваа невладина организација. Се борев за народот и народот е мојата сила. Доколку се точни овие наводи, невозможно е да останам претседател на Србија и затоа опозициските партии треба да поднесат само 67 потписи, а имаат над 80, за одржување советодавен референдум за претседателот на Србија“, рече Вучиќ во видео на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
„Понудата е повеќе од фер“
Вучиќ рече дека легитимноста е најважна работа во политиката, а суверенитетот секогаш произлегува од волјата на народот.
„Мислам дека понудата е повеќе од праведна. Спротивно на популарното верување, никогаш не ме интересира владата како таква, ме интересира само напредокот на Србија. Србија не смее да запре. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Студентите што блокираа факултети нападнати синоќа во Белград, неколкумина завршија во болница
Седум студенти, кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград, се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, е објавено е на инстаграм-профилот „Студенти у блокади“, пренесе Н1.
Како што изјавија, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците.
„Студентка била турната по скалите и паднала на главата, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на брзата помош била пренесена во болница за да ѝ биде укажана прва помош“, напишале студентите.
По инцидентот, непознати лица пристигнале со возила за да ги тргнат доказите од Правниот факултет, велат студентите. Како што соопштија за „Фонет“ од Итната помош, студентите добиле полесни повреди.
„Според она што го видовме, во делот на работата што ја работиме тие не се значително повредени. Немаа видливи повреди. Беа вкупно седуммина“, изјави дежурниот лекар од Итната медицинска помош.
Pravni fakultet: “Prema informacijama koje trenutno imamo od svedoka, uhapšeno je samo jedno lice od navodnih šest lica koji su učestvovali u večerašnjem napadu na studente!” pic.twitter.com/d6kX9vUZDz
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) January 14, 2025
Студентите бараат лицата што ги нападнале нивните колеги да бидат пронајдени, идентификувани и кривично гонети. На снимката објавена на истиот инстаграм-профил се гледа како полицијата апси едно лице осомничено за учество во нападот врз студентите.
„Според информациите што во моментот ги имаме од сведоци, уапсено е само едно лице од наводните шестмина, кои учествуваа во вечерашниот напад врз студентите“, напишаа студентите од блокадата на „Икс“.
Во Србија студентите блокираа повеќе од 60 факултети на четири државни универзитети барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад, каде што на 1 ноември 2024 година се урна натстрешник на железничката станица, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.
Протестите имаат цел објавување целосна документација за реконструкцијата на станицата, идентификација и гонење на напаѓачите на демонстрантите.