Регион
Знамиња на IS истакнати во БиХ
Знамиња на џихадистичката терористичка организација Исламска држава (IS) биле истакнати на една семејна куќа во селото Горња Маоча, позната како упориште на радикалните исламисти недалеку од Брчки, јави во средата во централниот дневник Федералната телевизија на Босна и Херцеговина (FTV).
Телевизијата објави и видео запис од Горња Маоча на кои покрај знамињата на Исламската држава биле испишани и други обележја на оваа терористичка организација која го згрози светот по свирепите убиства на заробените странски државјани.
Жителите на Горња Маоча повеќе од деценија се под истрага на полициските и разузнавачките агенции поради сомневања дека се поврзани со тероризам. Од ова место на Исламската држава ѝ се придружиле повеќе жители, а меѓу нив и Нусррет Имамовиќ кој се сметаше за водачот на радикалното исламистичко селефиско движење.
Неговиот неформален наследник, Билал Босниќ, кој често престојувал во Горња Маоча, следната седмица ќе биде првпат изведен на суд поради поддршка за тероризмот.
Според безбедносните агенции, од БиХ на боиштата во Сирија и во Ирак заминале повеќе од 150 босански муслимани.
Во Горња Маоча пред босанската војна од средината на 1990-те години главно живееја Срби, а по завршување на судирите се населија борците од исламските земји, муџахедини на кои воените бошњачки власти им доделија државјанство на БиХ./крај/мф/сн
Извор: FTV
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.