Регион
Георгиева: За Бугарија е добро да има кандидат во потесниот список за функцијата во ЕК

За Бугарија е многу добро тоа што има бугарско име во потесниот список за втората најважна позиција во Европската комисија (ЕК), изјавила бугарската еврокомесарка за вонредни состојби и хуманитарна помош, Кристалина Георгиева за бугарските медиуми, по повод кандидатурата за функцијата висок претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност.
„Крајниот резултат не зависи само од компетентноста на кандидатите, туку и од тоа како ќе бидат распределени функциите претседател на Советот, министер за надворешни работи на ЕУ и претседателот на еврозоната, меѓу политичките семејства во Унијата. Токму поради тоа немање на согласност вчера не се донесе одлука, но јас сум сигурна дека во следните неколку недели, односно до 30 август ќе има разбирање и ќе има решение. Какво ќе биде тоа решение – ќе видиме тогаш“, додала Георгиева.
„Она што претстои во следниот период се консултации за соодветните кандидати за овие клучни позиции. Тие треба да бидат прифатливи за сите, а тоа значи бројни телефонски повици за да се дојде до тој момент на согласност, што ќе овозможи подготвеност за прифаќање на решение“, изјавила бугарската еврокомесарка.
„Убаво е тоа што премиерот Орешарски потврди јавно дека доколку се дискутира за мојата кандидатура, Бугарија стои зад мене, а би било чудно доколку е поинаку. Но тој исто така кажа нешто многу правилно, а тоа е дека треба да се утврди политичка рамнотежа за сите позиции истовремено. Во една конфигурација, имам многу добри шанси за успех, а во друга – многу мала или никаква“, категорична била Кристалина Георгиева./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Загреб сексуално злоставувал 12-годишно девојче: кога му се спротивставувала тој ја тепал

Жељко Валент (39) од Загреб е осуден на четири години и десет месеци затвор за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, објави порталот „Бурин“.
Пресудата ја донесе советот на окружниот суд во Риека, а покрај затворската казна, осуденото лице е должно да плати и 3.390 евра за процедурални и вештачења.
Злоупотребата се случила од октомври до втората половина на декември 2023 година во стан во Хановер, каде што Валент престојувал со девојчето.
Според пресудата, тој го искористил отсуството на нејзината мајка и постојано ги допирал интимните делови на детето, пишува „Бурин“. Судот заклучи дека станува збор за однесување кое законот го изедначува со сексуален однос.
Девојчето се обидело да му се спротивстави, но тој ја удирал, а во еден момент таа претрпела полесни повреди, според „Бурин“.
Валент, кој е сопственик на столарија, не бил присутен на објавувањето на пресудата. Судењето, како што е вообичаено во вакви случаи, било затворено за јавноста.
Пресудата не е конечна, а Валент има право на жалба.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин