Црна хроника
ОЈО поведе постапка против четири лица за шпионажа и насилство

Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење на органзиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица за повеќе кривични дела.
Надлежниот обвинител против осомничените лица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и тоа за осомничениот З.В. за кривични дела шпионажа по чл. 316 од Кривичниот Законик и кривично дело насилство спрема преставници на највисоките државни органи по чл. 311 во врска со чл. 24 од КЗ, за осомничената С.В. за сторено кривично дело шпионажа по чл. 316 вв со чл. 24 од КЗ, за осомничениот Б.П. за кривично дело насилство спрема преставници на највисоките државни органи по чл. 311 во врска со чл. 24 од КЗ и за осомничениот З.З. за кривично дело Насилство спрема преставници на највисоките државни органи по чл. 311 во врска со чл. 19 од Кривичниот Законик на Република Македонија.
Сметајќи дека се исполнети законските основи, Основното јавно обвинитеоство за гонење на организиран криминал и корупција до надлежниот Судија на претходна постапка поднесе Предлог за определување на мерки за обезбедување присуство на лицата и за непречено водење на кривичната постапка – Притвор, и тоа спрема осомничените З.В., С.В. и Б.П.
Со оглед на сите околности на кривично правниот настан и фактот што кривичното дело останало во обид за осомничениот З.З. не е поднесен Предлог за определување на мерката Притвор, туку Предлог за определување на мерка на претпазливост и тоа обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице односно кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.