Македонија
Груевски: Да извлечеме поука од кризната година и да одиме понатаму

Светот и Македонија поминаа низ една тешка и турбoлентна година, а со заеднички напори, со одговорен пристап, посветено работење, држење до дадениот збор, со зацртана визија и со божја помош, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, верува дека земјата ќе оди напред, а граѓаните ќе бидат позадоволни.
Во новогодишната честитка, тој се осврна на проблемите со кои се соочуваше светот во 2016-тата година кога ги преполнуваше медиумите со настани кои беа производ на тензии, конфликти, терористички акти, неизвесност, економски кризи, мигрантски бранови, крупни меѓународни политички поместувања.
„Светот не е каков што беше. Се губеа традиционални пријателства, се стекнуваа нови, земјите покажуваа различност во нивните домашни и надворешни политики, граѓаните испраќаа пораки до политичарите…Генерално година која ја испраќаме зад нас, гледајки сите надеж во новата и времето на подобрување кое сите го очекуваме“, вели Груевски.
„Нашата држава не ја одминаа проблемите. Кај нас би рекол беа и подлабоки од оние на повеќе места, но мора да се извлечат поуки и да се продолжи напред со обновена енергија и прецизно поставена цел. И покрај политичката криза добро е што Македонија ја зачува економската стабилност, со солиден економски раст и што е најважно, со континуирано намалување на невработеноста, на историски најниска стапка на невработеност од 23,4 отсто и со голем број новоотворени работни места, кои се резултат на макотрпна работа и во оваа и во претходните години на овој план“, се вели во честитката на Груевски.
Потсети дека креаторите на кризата ги одолговлекувале изборите, но на крајот тоа стана неизбежно, а народот го кажа своето мислење и тоа мора да се почитува.
„Реформите кои водат кон подобрувања на секој план мора да продолжат. Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се потиснат напорите за надворешни влијанија чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани. На последните избори некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чувствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели“, вели Груевски.
Тој вели дека ветувањата од кампањата мора да се реализираат. Разгорените страсти и преголемиот политички јаз да се да се намалат и нормализираат, меѓуетничките односи да се надградуваат во позитивен дух.
„Секоја индивидуа има свои цели, за кои да не заборавиме дека пред се е потребно добро здравје. Затоа, дозволете секому од Вас да му посакам да има добро здравје, да го следи среќа, да има смиреност во душата, да дава и да добива љубов повеќе отколку било кога досега, и да ги оствари своите зацртани цели и планови.Нека Ви е среќна и успешна новата 2017-та година!!!“, порачува Груевски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време со локална облачност, следи стабилно време

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известија дека на ден 10.10.2025 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на ул.Будимпештанкса и ул. Урош Џудовиќ(општина Карпош)
Македонија
Неколку улици во Кисела Вода денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на Виктор Иго 22, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Виктор Иго, Дренак, Драга Стојановска, Иван Козаров и Невена Георгиева-Дуња.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности и дека
· поради уличен дефект ф-150мм на улицата Христо Татарчев бб (Теферич), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од 3-та зона Припор.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.