Македонија
Новогодишна честитка од министерот за одбрана Зоран Јолевски
По повод новогодишните празници, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски упатува честитка до вработените во Министерството за одбрана, припадниците на Армијата на Република Македонија и сите граѓани.
„Изминатава година, вие припадниците на Армијата уште еднаш покажавте и докажавте дека заслужено ја имате најголемата довербата од граѓаните на Македонија.
Вашата подготвеност и решителност се покажа на дело во периоди кога тоа им беше најпотребно на граѓаните особено за време на трагичниот настан кој го зафати скопскиот регион, но и предизвика сериозна опасност по жителите од тетовскиот регион. Како поддршка на припадниците на Граничната полиција во зачувување на нашата граница од нелегално преминување успеавте да спречите повеќе од 20.000 мигранти. Но, нема да ги заборавиме и вашите колеги кои беа и оние кои се денес во мисија во поддршка на мирот. Благодарение на вас почитувани припадници – амбасадори на мирот, нашата земја, Република Македонија е дел од земјите кои ги споделуваат човековите вредности“, вели Јолевски во честитката.
Потсети дека во годината што изминува во Министерството започнаа неколку значајни процеси, чии резултати ќе ги видиме во следните неколку години. Најзначаен е процесот на модернизација, и првата опрема ќе почне да пристигнува во 2017 година.
„Пред нас секогаш ќе има нови предизвици кои само заеднички ќе можеме да ги надминеме. Тоа е нашиот мотив да покажеме дека сме подготвени да се соочиме и да ги реализираме задачите и проектите кои не очекуваат, а со тоа да придонесеме за колективен напредок на Република Македонија. Со искрени желби, најнапред за добро здравје, љубов, среќа, вам и на сите граѓани на Македонија им посакувам успешна Нова година“, заврши Јолевски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
Облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над 15 l/m²), а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Денеска ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен дожд, во југозападните делови над 15 l/m², а на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Нови врнежи ќе има и во текот на седмицата кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег. Од денеска ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер.

