Црна хроника
Повредено дете во сообраќајка во Тетово

Седумгодишно дете од Тетово се здобило со тешки телесни повреди откако во него удрило автомобил „пежо“ управуван од 26-годишен жител на Бродец.
Детето со скршеница на десната натколеница е префрлено во Клиничката болница во Тетово каде му е укажана лекарска помош по што е препратено на скопските клиники за да му се изврши хириршка интервенција.
Потпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека незгодата се случила вчера околу 13 часот на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во близина на вулканизерска работилница.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово и според првичните информации причина за сообраќајката е неприлагодена брзина./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж обвинет за допирање малолетно дете во скопско село

На 13.08.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје 43-годишна жена од скопско пријавила дека на 12.08.2025 околу 21:00 часот, С.С., кој живеел во близина на нејзиниот дом, ја бакнувал и ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Teшко повредена жена во сообраќајна несреќа на патот кај Ресен

На 13 август 2025 година, околу 11:10 часот, на крстосницата од магистралниот пат Битола – Ресен, кај местото викано „Макази“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С. (74) од Скопје, и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К. (65) од Канада.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Хјундаи“-от, С.С. (71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот Ѓ.С. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Ресен.
Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Арачиново, меѓу нив и 3-годишно девојче

Вчера околу 14:20 часот, на улицата 1 во Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.А. (23) од Арачиново, и „сеат“ управуван од Б.И. (61) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Сеат“-от, Ч.И. (36) од Арачиново. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничките од „Фолксваген голф“ – тригодишно девојче, С.А. (20) и З.А. (28), сите од Арачиново. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.