Забава
Славниот натпис „Hollywood“ стана „Hollyweed“
Жителите на најпознатиот кварт на Лос Анџелес се разбудија на новогодишното утро откривајќи дека славниот знак „Hollywood“ некој го променил во „Hollyweed“.
Од полицијата за телевизиската мрежа ABC изјавиле дека камерите за видео надзор регистрирале во новогодишната ноќ како непознато лице влегува во оградениот простор на ридот Маунт Ли, каде е што се наоѓа светски прославената атракција. Потоа тој користел црна ткаенина или боја и изменил неколку од 13,7-метарскит букви, претворајќи го натписот „Hollywood“ во „Hollyweed“, што може да се преведе како „света марихуана“ (англиски wеed).
Според локалните медиуми станува збор за очигледна алузија на марихуана, откако избирачите во американската сојузна држава Калифорнија на 8-ми ноември, заедно со претседателските избори, гласаа на референдум за легализација на марихуаната во рекреативни цели. Сличен инцидент се случил и во 1976 година, кога се ублажени калифорниските закони за употребата на марихуаната.
Весникот The Los Angeles Times потсетува дека ова не е првиот инцидент со славниот натпис откако тој е поставен во 1923 години, и неколку пати бил цел на вандали.
Од полицијата потврдиле дека станува збор за чин кој се води како прекршок. Отворена е истрага и се трага по сторителот. Тој може да се соочи со обвинување за нарушување на заштитено подрачје и оштетување на јавна сопственост./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

