Регион
Објавена фотографија на осомничениот за нападот во Истанбул

Турската државна новинска агенција Anadolu во понеделникот попладнето ја објави фотографијата на којашто се тврди дека е ликот на извршителот на терористичкиот напад на новогодишната ноќ во клубот „Reina“ во Истанбул.
Претходно во понеделникот беше објавено дека идентитетот на терористот, неговото државјанство и врски се утврдени, но поради интересот на истрагата, тие сé уште не се објавуваат.
„Откриени се отпечатоци од прсти, а знаеме и како терористот изгледа. Многу брзо ќе следува постапката на идентификација“, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртумлуш претходно на прес-конференција, потврдувајќи дека досега се уапсени осум лица во Истанбул кои се осомничени за вмешаност на некој начин со терористичкиот напад во кој беа убиени 39 луѓе на новогодишната ноќ.
Куртумлуш истакна дека неделниот напад во Истанбул се разликува од другите напади во Турција и оти дека целта била да се внесат поделби и раздор во турското општество.
Турските медиуми пишуваат дека продолжува работата на утврдување на идентитетот на напаѓачот, за кој џихадистичката групација Исламска држава објави дека е нејзин припадник.
Турските власти оценуваат дека напаѓачот би можел да се наоѓа во централна Азија, како и дека најверојатно потекнува од Киргистан или Узбекистан, пишува весникот Hurriyet.
Турската полиција соопшти дека продолжува да ги проучува снимките од надзорните камери во областа на ноќниот клуб кој беше нападната. На некои од снимките се забележани цртите на лицето на терористот. Одделот за борба со организираниот криминал и тероризам на Истанбул ја продолжува истрагата по делото.
Иследниците оценуваат дека е можно тој да биде поврзан со ќелијата којашто го изведе тројниот самоубиствен напад на аеродромот во Истанбул во јуни кога загинаа 47 луѓе.
Вицепремиерот Кутрумлуш изјави дека јасно е дека инвазијата на турската армија во Сирија во август „ги разбесни терористичките групи и оние коишто стојат зад нив“, но истакна дека воената операција „Штитот на Еуфрат“ ќе продолжи сé додека постои закана за Турција.
Анкара пред четири месеци во Сирија испрати тенови и специјални сили за да гои потисне милитантите на Исламската држава од своите граници и да ги спречи милициите на сириските Курди да ги заземат областите крај границата од кои се повлекуваат џихаистите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.