Забава
Терминатор наместо Трамп, Шварценегер порачува: Готов си!

Поранешниот градоначалник на Калифорнија и „вечниот Терминатор“ Арнолд Шварценегер се покажа одлично во новата улога во која го замени претседателот на Америка Доналд Трамп.
Тој е водител на нова верзија на познатото шоу „Помошник“ (“Apprentice”) а првата епизода на новата верзија беше прикажана на 2 јануари.
Со месеци се шпекулираше која фраза би можел да ја користи во текот на исфрлање на натпреварувачите и конечно е откриено: Готов си, оди во хеликоптер“ (“You’re terminated. Get to the chopper.”)
Фразата е споена од култните филмови на познатиот глумец „Терминатор“ и „Предатор“.
Ако претседателот на САД се повлече од водителската позиција во ова шоу, тој ќе остане извршен продуцент на познатото ријалити.
Арнолд Шварценегер во претходните интервјуа рече дека се ова е „шоубизнис“ а од агол на некој што бил градоначалник на Калифорнија — овој Трампов потег може да се спореди со неговата ситуација која и самиот тој влезе во политички води, а при тоа ги задржа филмските права и парите што ги добиваше од заработката на серијалот „Терминатор“.
Инаку, Арнолд изјави дека не му е лесно што го менува Трамп во улога шеф на ова ријалити.
Идејата е натпреварувачите да се обидат да соберат пари во добротворни цели, а во текот на натпреварот ќе добиваат совети од финансиски магнати.
Во првата епизода на „Помошник“ гостин што советува беше Тајра Бенкс, а јутјуберката Кери Кејган беше првата елимиирана и од шоуто ја изнесоа со хеликоптер. /крај/мф/вс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Малкумина имаат толку среќа: одбрани хороскопски знаци можат да очекуваат 9 години изобилство и живот од соништата

Астролозите предвидуваат дека во текот на следните девет години, одбрани хороскопски знаци ќе можат да воздивнат со олеснување, бидејќи ќе бидат придружени од среќа и просперитет во сите аспекти од животот, затоа проверете дали сте на листата на среќници.
Според астролошките прогнози, во следните девет години, до 2034 година, три хороскопски знаци можат да очекуваат девет години среќа и просперитет: Стрелец, Бик и Вага.
Стрелец
Стрелецот ќе има можност да постигне лични цели и да истражува нови области во текот на следните девет години.
Нивниот претприемачки дух и оптимизам ќе придонесат за личен раст и развој и во нивниот професионален и во приватниот живот.
Бик
Благодарение на нивната издржливост и стабилност, Биковите ќе напредуваат постепено кон остварување на своите соништа во текот на следните девет години.
Се предвидува дека ќе имаат значителен професионален и финансиски раст, со награди за нивната напорна работа.
Вага
Вагата ќе постигне внатрешен мир во сите аспекти од животот во текот на следните девет години.
Нивните социјални вештини ќе им помогнат да изградат силни врски, што ќе им овозможи да го реализираат својот креативен потенцијал, особено во уметноста и дизајнот.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Грабеж за 90 секунди: Разбојници однесоа часовници и накит вреден 2 милиони долари

Четворица маскирани мажи ограбиле златарница во Сиетл и украле накит и луксузни предмети во вредност од околу 2 милиони долари за помалку од две минути, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во четвртокот попладнето, а безбедносните камери ги снимиле осомничените како ја кршат заклучената стаклена врата со чекани и празнат шест витрини за 90 секунди, вклучувајќи една со часовници Ролекс во вредност од 750.000 долари и смарагден ѓердан во вредност од 125.000 долари, според американските медиуми.
За време на грабежот, еден од напаѓачите им се заканувал на вработените со спреј против мечки и електрошок, но никој не бил повреден.
„Како вработени сме прилично потресени. Ќе бидеме затворени некое време“, изјави за медиумите Џош Менаше, потпретседател на семејната продавница за накит, додавајќи дека работниците почнале да ја проценуваат вкупната штета откако го исчистиле скршеното стакло.
Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко по пријавата, но крадците веќе избегале со возило и ја избегнале потрагата.
Забава
„Фрла искористени марамчиња на подот, па им наредува на слугинките да ги соберат“: скандалозно однесување на член на кралското семејство

Принцот Ендрју наводно ги малтретира своите вработени, дури и фрлајќи искористени марамчиња на подот пред да им нареди на слугинките да ги соберат, открива нова контроверзна книга. Во делото „Успон и пад на Јорк“ од авторот Ендрју Лауни, војводата од Јорк е опишан како „страшен“ кон сите кои работат за него, додека новата документарна серија на Channel 5, „Ендрју и Ферги: Војводата и војвотката во изобилство“, открива уште шокантни детали од животот на контроверзниот член на кралското семејство.
„Ендрју е особено ужасен кон персоналот; изгледа дека не ги гледа како обични луѓе“, вели писателот.
„Се однесува со нив како со подредени на кои може да им командува. Мислам дека е многу нарцисоиден и сè се врти околу него“, додава тој.
„Ќе го повика својот чувар да му ги собере топчињата за голф откако ќе ги удри, ќе повика слугинки од четири ката пониско за да му ги отворат завесите. Ќе фрли искористени марамчиња на под и ќе очекува луѓето да ги соберат“, објаснува тој, пренесува „Мирор“.
Документарецот во траење од 90 минути, емитуван во саботата, ги истражува животите на Ендрју и неговата поранешна сопруга Сара Ферган, со посебен осврт на нивниот однос, контроверзните врски со Џефри Епстајн и луксузниот животен стил.
Во него се додава: „Ендрју не се огласи по повод новите тврдења за неговото однесување кон персоналот“.
Ендрју се повлече од јавните должности во 2019 година поради аферата со неговото пријателство со Епстајн. Иако повеќе не е активен член на кралското семејство, повремено се појавува на семејни настани, а годинава присуствуваше на традиционалната велигденска служба со кралот и другите членови на семејството во капелата „Свети Ѓорѓи“ во Виндзор.
Претходно имаше тврдење дека побарал преместување на еден вработен бидејќи „не му се допаѓал младежот на неговото лице“. Кралскиот автор Том Квин за Times изјавил: „Точно е дека некои членови на кралското семејство знаат да покажат лош темперамент. Еден поранешен службеник се присети дека принцот Ендрју инсистирал еден член на персоналот да биде преместен бидејќи не му се допаѓал младежот на неговото лице“.
Авторот додал: „Еден поранешен службеник дури побарал еден маж да биде префрлен на други должности поради вратоврската“.
Принцот Ендрју претходно бил опишуван како „многу тежок“ за работа, а персоналот дури се обидувал да го избегне. Пол Барел, поранешен батлер на кралското семејство, изјавил во документарецот: „Луѓето се обидуваа да го избегнуваат принцот Ендрју бидејќи беше многу тежок. Секогаш беше бомбастичен, викаше и пцуеше, што не се очекува од член на кралското семејство“.