Вести
САД загрижени од информациите за префрлање џихадисти во Либија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/9f57e01c-22be-4226-a4c4-39ea0fb830f4.jpg)
САД се загрижени од информациите дека радикалното исламистичко нигериско движење Боко Харам испраќа свои борци во Либија, каде што би се бореле на страната на екстремната сунитска организација Исламска држава, изјави првиот заменик државен секретар, Тони Блинкен на безбедносниот самит во Нигерија.
Движењето Боко Харам, кое се бори за прогласување шеријатска држава во североисточните покраини на Нигерија, минатата година ѝ изрази лојалност на џихадистичката терористичка групација Исламска држава, којашто на големите територии што ги контролира во Сирија и во Ирак прогласи „калифат“, а исто така контролира и области во Либија.
„Добивме потврда на информациите за сé поголема соработка меѓу нив“, го цитира Reuters, американскиот дипломат Тони Блинкен. Истакнал дека борците на Боко Харам започнале потесно да соработуваат со Исламската држава, бидејќи, според сé судејќи, ѝ дават логистичка и материјална поддршка.
„Со тоа постои претпоставка дека меѓу групациите се јавуваат почести контакти и поблиска соработка. Внимателно ги следиме таквите активности, бидејќи сакаме да ги прекинеме таквите врски и да го попречиме нивното натамошно развивање“, додал Блинкен.
На самитот, покрај челниците на повеќето земји од регионот, како Бенин, Гана, Габон, Камерун, Нигер, Нигерија, Сенегал, Того, Централноафриканската Република, Чад и Екваторијална Гвинеја, присуствуваат и високи претставници на Франција.
Боко Харам стои зад најголем дел од терористичките напади и масакри против христијаните и муслиманите, како и против безбедносните сили околу езерото Чад, односни Нигер, Камерун и Чад. Се проценува дека од 2009 година кога групата ги интензивираше своите борбени активности животите ги загубиле повеќе од 13.000 луѓе.
Либија, пак, во моментов се смета како една од главните територии за експанзијата на Исламската држава во Северна Африка, којашто користејќи го хаосот во оваа земја по соборувањето на деценискиот либиски челник Моамер ел-Гадафи во 2011 година, се етаблираше на нејзината територија. Таа во моментов го контролира големиот град Сирт и голем дел од медитеранското крајбрежје. Американското и руското разузнавање проценуваат дека во Либија моментално има повеќе од шест илјади џихадити, и оти Исламската држава откако започна да губи територии на Блискиот историк во прв ред во Сирија, ги префрла своите борци во Либија користејќи ја тамошната хаотична политичка ситуација./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.