Македонија
Скопскиот кривичен суд без распоред, Панчевски еден месец без судски предмети
Вршителката на должност претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, Татјана Михајлова, и по точно еден месец од нејзиното поставување на оваа раководна функција сé уште не изработила годишен распоред на работа на судиите.
Михајлова, која на 4-ти декември, а по завршување на функцијата на сега веќе поранешниот претседател Владимир Панчевски, од Судскиот совет на Република Македонија беше именувана за в.д претседател на скопскиот кривичен суд, сé уште нема изготвено годишен распоред, а како што сега стојат работите малку е веројатно дека и ќе биде изготвен план за оваа работна година.
Според информации од скопска „единица“ Михајлова не планира никаков нов распоред за работа на судиите се до 12-ти јануари, за кога се очекува Судскиот совет да избере нов претседател на судот.
Како што е веќе познато за местото претседател конкурираат судиите Иван Џолев и Владимир Панчевски. Токму, Панчевски е еден од оние кои по завршувањето на функцијата не работи на ниту еден предмет, односно од 4-ти декември до денеска седи нераспореден и не добива предмети за судење, а не е познато дали тој се води на годишен одмор или не.
Иако е тешко да се поверува дека Судскиот совет ќе донесе финално решение за скопска „единица“, бидејќи двајцата аспиранти се меѓусебно раскарани, а Панчевски, во меѓувреме, повеќе пати беше кривично пријавуван за различни кривични дела, а беше пријавен и за неговата дивоградба во центарот на Скопје./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

