Македонија
Претседателското семејство празнично за „Свети Наум Охридски Чудотворец” на Попова Шапка

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со сопругата Маја и синот Иван, во четвртокот присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник „Свети Наум Охридски Чудотворец“ во манастирскиот комплекс на Попова Шапка.
Чествувањето започна со света божествена архијерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф, во сослужение со повеќе свештенослужители.
Митрополитот, господин Јосиф, ги благослови и прережа кумските колачи со парички, а кои ги одредија кумовите за прославата на празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ во манастирскиот комплекс на Попова Шапка во 2018-та година. На верниците кои ги пронајдоа паричките, кумството им донесе голема радост, а очекуваат во нивните семејства да им донесе многу здравје, мир и благосостојба.
Господин Јосиф им го честиташе празникот на присутните, честитајќи им ги и претстојните божиќни празници на сите верници со пораки за здравје, среќа и бериќет. Тој изрази благодарност и до претседателот Иванов за неговото присуство на патрониот празник.
„Би сакал да се заблагодарам на претседателот Иванов и на неговото семејство што секогаш наоѓа време и секоја година доаѓа овде со нас, заедно да го чествуваме свети Наум Охридски Чудотворец. Потребна ни е вашата поткрепа и поддршка“ му порача митрополитот тетовско-гостиварски на македонскиот претседател.
За сите верници кои во четвртокот присуствуваа на чествувањето на патрониот празник во манастирскиот комплекс на Попова Шапка беше приредена заедничка трпеза./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Паднаа во вода тврдењата на ДУИ за наводен атентан врз Зеќирија Шаини

Коалицијата ВЛЕН реагира за случајот во кој беше повреден активистот и носител на листата на НАИ во Липково, Зеќирија Шаини.
Од таму велат дека особено загрижува фактот што политичките опоненти, предводени од ДУИ, се обидоа да ѝ дадат политичка димензија на оваа трагедија, грубо манипулирајќи со семеен конфликт во сред изборна кампања.
„Но случајот се покажа како семеен проблем и нема никаква врска со политиката. ДУИ доживеа тежок пораз, бидејќи не ѝ успеа обидот да ја искористи ситуацијата за сопствена политичка корист. Тие беа демантирани и од самиот нивен активист, Зеќирија Шаини, кој јавно изјави дека нема политичко непријателство со никого, со што паднаа во вода сите тврдења за наводен „политички атентат“.ДУИ сакаше да се претстави како херој во туѓи сметки – но тоа не помина. Наместо да придонесе за смирување на ситуацијата, партијата повторно приредува политички театар, обидувајќи се, како и секогаш, да создаде перцепција дека „некој работи против нив“. Помогната од неколку платени новинари, кои дење и ноќе шират лаги против власта, ДУИ ги злоупотребува дури и проблемите на сопствените партиски членови. Ова е стар модел на јавна манипулација и политичка виктимизација, кој има цел да го прикрие падот на довербата и губењето на електоратот“, велат од ВЛЕН.
Македонија
Сончево со мала локална облачност, максималната температура до 21 степен

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улица Благоја, улица Маџари, Пекара КИС МИ Стефковски и улица Ордан Поп Јорданов (општина Гази Баба)
– во периодот од 09:00 до 10:00 часот, локалите во трговскиот центар до пазарот (општина Ѓорче Петров)