Македонија
Се гради црквата „Св. Наум“ во Прилеп кај Могилата
Интензивно се одвиваат работите за изградба на црквата „Свети Наум“ во Прилеп која што е лоцирана во близина на Паркот на револуцијата.
По повод денешниот христијански празник, Свети Наум Охридски, пред црквата се одржа водосвет и режење на славскиот колач. На настанот присуствуваа голем број на верници.
„На сите православни христијани им го честитам денешниот празник Свети Наум Охридски Чудотворец. Оваа црква се гради со поддршка на МПЦ и локалната самоуправа и очекуваме таа да биде завршена некаде во месец јули оваа година“, изјави Бошко Талески, иницијативен одбор за изградба на црквата.
Инаку ова е четврта црква која се изгради во Прилеп во последните неколку години.
„На сите верници од православна вероисповед им го честитам овој голем празник, им посакувам многу здравје и среќа. Голема благодарност до црковниот одбор, до граѓаните на Прилеп и бизнис секторот кои заедно со локалната самоуправа имаат помогнато при изградбата на оваа црква. Претходно без изградени црквите, „Свети Константин и Елена“ во типската населба, црквата „Свети Пантелејмон“ во кругот на општата болница Прилеп и црквата „Света Петка“ во населбата Точила, а сега верниците ќе имаат уште една црква во нашиот град. Во иднина се планира Прилеп да добие уште три нови верски храмови кои е планирано да бидат изградени во населбите Тризла, Сточен пазар и Марино Маало“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Инаку моментално интензивно се работи исто така и на обнова на конаците на манастирот Трескавец, а претходно комплетно нови конаци добија манастирите „Св. Преображение“ во Зрзе, манастирот „Св. Никола“, во село Манастир-Мариово, а се изгради и источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во населбата Варош./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

