Контакт

Политика

СДСМ: Ќе го вратиме спортот на спортистите

Објавено пред

СДСМ најави дека ќе го врати спортот на спортистите, а трудот на спортските работници ќе бидат вреднуван и заштитен.

dobivaj vesti na viber

„Поради неодговорните политики Никола Груевски и досегашната власт, што се темелеа само на тендер интереси, Македонија е на историски најслаб пласман на ФИФА ранг листата. На последната Олимпијада,немаше ниту еден спортист кој успеал да оствари олимписка норма, а Македонија беше со најмалку претставници од целиот регион“, се вели во соопштението од СДСМ.

Понатаму се додава дека традиционални спортови се замрени затоа што се трошеа огромни суми народни пари за хокеј и слични скапи спортови што граѓаните на Македонија не можат да си ги дозволат, ниту пак, како што се покажа, има услови за нивен развој во земјава.

„Се покажа и дека тендерите биле пресудни за отворањата спортски сали, од коишто најголем дел денес се заклучени или затоа што во нив нема услови за спортување или за тоа што се изградени во несоодветни населени места коишто поради иселувањата останале празни без жители“, се вели во соопштението.

Социјалдемократите најавуваат дека за професионалните спортисти, спортски аматери, спортисти стипендисти ќе обезбедат пензиско и здравствено осигурување. Секој репрезентативец кој настапил на најмалку 10 официјални натпревари, ќе добие просечна пензија, од 40-годишна возраст.

„Ќе формираме спортски финансиски фонд со посебна жиро сметка на која што ќе се слеваат средства од уплати од 3% од секој тикет за спортско обложување, 100% од средствата за добивање лиценци за обложувалниците, 3% од уплатите во автомат клубовите, 1 денар од акцизата за цигари и 1 денар од акцизата за алкохол. Распределбата на парите ќе ја вршат 7 членови на Националниот спортски совет составен од 5-те најуспешни федерации, плус претседателот на Македонскиот олимписки комитет и директорот на Агенцијата за млади и спорт“, пишува во соопштението од СДСМ.

Тие уште најавуваат дека ќе овозможат спортските клубови сами да ја изберат формата на нивна организација, а не како досега, да мора да бидат регистрирани како акционерски друштва.

„Дел од новоизградените училишни спортски сали, што стојат неупотребени, ќе се доделат на користење и управување на националните спортски федерации, за да работат со сите младински категории преку целата година, ослободени од комерцијалниот притисок. Така ќе овозможиме сите талентирани деца да тренираат без надоместок. Секој правен субјект ќе може до 40 проценти од данокот на добивка да го инвестира директно во јавните дејности, пред се во спортот“, најавуваат од СДСМ. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

(Видео) Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

Тројца полицајци беа убиени, а двајца други беа сериозно ранети во Пенсилванија во престрелка со вооружен човек кој подоцна беше...

Европа1 час

Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави вчера началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов....

Свет1 час

(Фото) Џиновска статуа на Трамп со биткоин поставена пред американскиот Капитол

Златна статуа висока 3,6 метри на претседателот Доналд Трамп која држи биткоин беше откриена вчера пред американскиот Капитол во Вашингтон....

Свет1 час

Тајмс: Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

Велика Британија формално ќе признае палестинска држава овој викенд, објави „Тајмс“. Премиерот Кир Стармер предупреди во јули дека ќе преземе...

Македонија16 часа

Остра расправа во Уставниот суд: ДИК правилно постапила, независните можат со два потписа да учествуваат на изборите

Правилникот на Државната изборна комисија кој дозволува учество на независните кандидати на изборите со само два потписа е основан и...

Македонија16 часа

Ново обвинение за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за светлата во Црн Дрим

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко, за злоупотреба на службена положба. „Осомничениот, во временскиот период...

Македонија18 часа

Увидот во Трубарево отежнат поради затрупувањето на локацијата, се вршат и дополнителни мерења на загадувањето

Скопското обвинителство и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на лице место по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија,...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка омраза преку фотомонтажи за трагедијата во Кочани – осуда и пад на сите етички граници

ВМРО-ДПМНЕ со најостра осуда реагира на срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку...

Македонија24 часа

„Влен“: ДУИ за власт е подготвена да ја продаде Струга на Левицата, но на 19 октомври Ќира ќе ја ослободи со гласот на граѓаните

„Најновиот скандал што кружи на терен и во јавноста е жив доказ дека ДУИ изгубила секаков вид политичка ориентација. Темниот...

Европа1 ден

(Видео) Фотографии од Трамп и Епштајн проектирани на замокот Виндзор, извршени апсења

Четири лица се уапсени откако слики од принцот Ендру, Доналд Трамп и осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн беа проектирани на...

Свет1 ден

Катар: Нетанјаху нема да помине неказнето

Катар изјави дека кршењето на меѓународното право од страна на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „нема да остане неказнето“, објави Анадолија....

Европа1 ден

Медведев: Зоната забранета за летови над Украина би значело војна меѓу НАТО и Русија

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, предупреди дека воведувањето зона на забрането летање над Украина и соборувањето на...

Европа1 ден

Лукашенко: Ние и Русите вежбаме лансирање нуклеарно оружје во Белорусија

Русија и Белорусија вежбаат лансирање на руско тактичко нуклеарно оружје како дел од заеднички воени вежби, изјави белорускиот лидер Александар...

Македонија1 ден

(Фото) „Не умираме од несреќи, умираме од корупција“, „Шест месеци без правда за Кочани“: на плоштадот во Скопје одбележани шест месеци од трагедијата во „Пулс“

Вечерва во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска...

Европа2 дена

(Видео) Путин во униформа на огромна воена вежба на источната граница на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија, „Запад 2025“,...

Македонија2 дена

ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на...

Топ2 дена

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ – Росица сведочела за заканата од Илија кој подоцна ја уби

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на Росица Коцева (31) од Велес, даден на 9 септември годинава, само неколку дена...

Македонија2 дена

Јас не сум од вчера во политиката, партијата Левица фрли гума за спасување на ДУИ со кандидатите во Струга, Гостивар и во Тетово, вели Мицкоски

Партијата Левица предложи кандидати за градоначалници во Струга, Гостивар и во Тетово само за да ги раслои анти-ДУИ гласовите во...

Македонија2 дена

Обвинителството испитува одговорност за големиот пожар во Трубарево, утре увид на терен

Утре, ќе почне увидот на самото место за причините за големиот пожар во Трубарево. Увидните екипи ќе работат под координација...

Македонија2 дена

Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и...