Контакт

Вести

Медиуми: Исламската држава продавала нафта во Турција за 12 долари за барел

Објавено пред

Интернет страницата на руската телевизија на англиски јази RT објави документи за кои се тврди дека се на екстремната сунитска групација Исламската држава најдени кај нејзини заробени борци, кои наводно укажуваат за нафтените зделки на исламистите извозот во Турција.

dobivaj vesti na viber

Во прилогот се зборува дека документите, какви што пред повеќе месеци објави еден офицер на опозицската сунитска војска, паднале во рацете на припадниците на курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG) кои ги заробиле борците на Исламската држава во текот на борбите за градот Шадади во северна Сирија, а потоа предадени на дописникот на телевизијата RT кој снимал прилог во областа. Курдската милиција, исто така, заробила џихадистички борци од Турција, Саудиска Арабија и други земји, кои раскажале за врските што Исламската држава ги имала во соседна Турција.

Градот Аш-Шадади, е еден од најголемите нафтоносни јазли во североисточна Сирија, а во него екипата на RT влегла само неколку дена откако курдската милиција ги потисна од него џихадистите.

„Повеќето снимки се направени во Шадади, град со околу десет илјади жители. Борците на Исламската држава се полекувале брзо, оставајќи зад себе многу работи, вклучително и важни документи коишто потоа ние ги пронајдовме“, вели режисерот на RT, чие име не се открива поради безбедносни причини.

Кога курдските борци на YPG започнале со настапувањето, џихадистичките борци многу брзо започнале да се повлекуваат Шадади, и во таа брзина оставиле многу лични предмети, документи за идентификација, документи на Исламската држава, па дури и војнички цокули, се вели во прологот. „Во некои станови дури најдовме и делови од брадите кои ги бричеле, бидејќи бегајќи милитантите се облекуваа во цивилна облека“, вели режисерот.

Сепак, некои од бунтовниците биле заробени од курдските единици, коишто сега се главни сведоци за начинот на кој е организирана и на кој функционирала Исламската држава во Сирија.

Меѓу другите, бил заробен и борец од турско потекло, кој рекол дека мнозинството од исламистите кои доаѓаат во редовите на Исламската држава минуваат низ територијата на неговата земја. Но, како што се вели во прилогот, потврдил дека ниту властите ниту пограничните служби не им правеле пречки.

„Кога ја минував границата, беше околу 10 часот утрото. Никој не нé запра. Без проблеми ја минавме границата“, изјави заробениот турски борец. Според неговото сведочење во документарниот филм, на границата има распоредени многу турски војници, но тие не го попречуваат протокот на оние кои сакаат да ѝ се приклучат на Исламската држава.

„Ова е важна област од воен аспект гледно. Но при преминувањето на границата никој не нé попречуваше“, вели заробеникот во исечокот од филмот.

Според него, најверојатно тоа е така затоа што Турција ја користи Исламската држава за свои цели. „Турција и Исламската држава имаат ист непријател – YPG (курдските Единици за заштита на народот). Турција самата не сака да ги валка рацете во тоа, сака да се ослободи од својот непријател со туѓи раце“, смета заробениот исламист.

Како потврда дека странските џихадистичките борци слободно ја преминувале територијата на Турција курдските борци на новинарите им покажале пакет со запленети пасоши на лица од различни земји – Либија, Тунис, Бахреин, Казахстан па и од Русија.

На снимките на RT се прикажани пасоши на луѓе со престојувалишта во Сратовската и Волгоградската област, во Дагестан, вклучително и на жени. Во сите тие пасоши имало штембил за влез во Турција.

Овие документи, вклучително и спомнатите руски внатрешни и надворешни пасоши, паднале во рацете на курдските борци од YPG откако го заземале Шадади. Според нивните претпоставки, станува збор за документи кои морале да ги предадат при пристапувањето на Исламската држава, и оти тие веројатно веќе се мртви.

Тој, исто така, сведочел и дека Исламската држава продава нафта во Турција во толкав обем „што тоа не може да остане незабележано“ од турските власти.

„Се тргува со нафта, тоа точно го знам… Покрај тоа, тие (Турците) заменуваа со Исламската држава прехранбени продукти и други неопходни продукти. Исламската држава е под ембарго и не ѝ е едноставно да набавува храна. Потоа им се укажува и помош во снабдувањето со пари, оружје, муниција. Помош од таков вид. И сето тоа се прави отворено“, вели наводниот турски борец.

Дека производството и продажбата на нафтата од страна на Исламската држава се водела на индустриско ниво и професионално, покажуваат и запленетите документи, се вели натаму во прилогот. Меѓу нив во инсертите се прикажуваат формулари на ткн „Одделот за нафта и гас на министерството за природни ресурси на Исламската држава“ за нафта, која била испратена во јануари 2016 година со цистерни.

Доколку се веродостојни тие документи, возачите ја купувал нафтата од Исламската држава по цени од 12 до 26 долари за барел. Пратките оделе од наоѓалиштата Кабиба, Режура, Макхул и Ал-Хејир. Се цитира еден документ кој е датиран од 23-ти јануари годинава од нафтоносното поле Кабиба биле продадени 383 барели по цена од 13 долари по барел, вкупно 4.979 долари.

Уште еден документ, официјален допис за прием на работа на споменатото ткн Министерство, во вилаетот (покраината) Ал-Барака за два нови инженера, е прикажан во прилогот. Овој документ многу прецизно и подробно ги опишува должностите на новите лица, поправка на опрема, оштетена во воздушни удари, поставување нови нафтоводи итн. Вкупно во оваа област во канцеларијата „министерството“ имало 17 „вработени“ меѓу кои и пет надзорници и неколку работници.

Според најавата, во RT сега ги монтираат материјалите од нивните истражувања во документарен филм, кој ќе биде завршен за околу еден месец./крај/мф/сн

Извор: РИА Новости

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Македонија3 часа

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што...

Свет4 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет4 часа

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет4 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија5 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет13 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа13 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија16 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа16 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет17 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет17 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија18 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија19 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија21 час

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија22 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија22 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија22 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија23 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија1 ден

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...