Македонија
Бремените и хронично болните да бидат ослободени од работа

Министерството за здравство препорача бремените жени и хронично болните лица над 60 години во понеделник и во вторник да бидат ослободени од работа, а за работниците на отворено да се реорганизира работното време, поради екстремно ниските температури кои можат да бидат ризични по здравјето на овие лица.
Работниците, пак, кои што работат на отворено треба да се внимава работните обврски да ги практикуваат од 10 до 16 часот со повремени паузи на секои два часа по половина час во топла просторија и со топли напитоци се со цел заштита на нивното здравје.
Од МВР, во неделата соопштија дека во скопската општина Аеродром бил пронајден починат бездомник, најверојатно поради премрзнување.
Од Управата за хидрометеорологија за понеделник најавуваат променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието, а температурата ќе се движи од -10 до -2 степени Целзиусови.
Студенотo време ќе продолжи и во вторник, додека од среда и четврток се најавува постепен пораст на температурата. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд, велат од УХМР.
Најниска температура во понеделник наутро е регистрирана во Маврово -21 Маврово, -20 Битола, Тетово, Лазарополе, -19 Крушево, -18 Дебар, Прилеп, -17 Пожаране, Куманово, -16 Кр. Паланка, Берово, Ѓуриште, -15 Тополчани, Скопје Петровец, -14 Охрид, Виница, Претор, -12 Скопје, -11 Штип, -10 Д. Капија, Струмица, -8 Дојран, -7 Гевгелија.
Најголема снежна покривка има во Маврово 64 сантиметри, по што следуваат 52 Пожаране, 45 Лазарополе, 35 Тополчани, 27 Берово, Дебар, 26 Тетово, 22 Крушево, а најмалку во Демир Капија 7 сантиметри снег./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано

АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје.
Иако грејната сезона официјално почнува на 15 октомври, регулативата предвидува почеток и порано доколку прогнозата за средна дневна температура е еднаква или пониска од 12˚C. Според Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е најавена средна температура од 10˚C, со што се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија.
До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува дали има услови за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
Од компанијата апелираат до корисниците да ги завршат потребните поправки на внатрешните грејни инсталации, а заедниците на сопственици да обезбедат пристап до потстаниците, редовно електрично напојување и платени сметки за струја. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“.
Македонија
Максим Димитриевски: Во новиот мандат фокусот го ставаме на развојот на домашното стопанство

Кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриески денеска беше во посета на неколку бизнис субјекти во Куманово што се во сопственост на домашни инвеститори. Како што самиот кажа, разговарале пред се за реалните проблеми во стопанствотото и какви се можностите за негов понатамошен развој.
„Наша главна цел во рамките на третиот мандат би била развој на домашното стопанство и поголем простор и за домашни, но и за странски инвестиции во градот. Развој на нови индустриски зони, по примерот на веќе потврдената зона Новина и Речици, дополнителна помош на занаетчиството во градот, како елеметарна гранка за развој на стопанството бидејќи без него немаше да се развие кумановското стопанство. Понатаму, реконструкција на двата зелени пазари со барање на приватен партнер кој би ги инвестирал тие реконструкции. Предвидуваме и фонд за поддршка на млади претприемачи и стартап компании за младите, поддршка на уметниците и сите креативни луѓе во градот, како и обучување и доквалификација на нашата работна сила“, рече Димитриевски.
Бидејќи, како што нагласи, бројот на невработени во Куманово е голем, но исто така, голем дел од нив не се соодветно квлификувани за да ги реализираат секојдневните потребни работни задачи во постоечките компании кои работат на територијата на нашиот град. И, секако ќе се работи и на создавање на туристички пакети и брендирање на општина Куманово како викенд дестинација во регионот.
Во општина Куманово функционира локалниот социо-економски совет. Димитриевски иницираше формирање на ист таков само за жени претприемачи во градот бидејќи во градот има голем број на припаднички на женскиот пол кои многу успешно функционираат со семејни и домашни компании.
Секако, нагласи дека и тој како кандидат за градоначалник и кандидатите на советничката листа на ЗНАМ ќе продожат со истата агенда што значи поддршка на економијата со конечна цел – Куманово да го стане перспективна општина за домашни и странски инвестиции , но и дополнително да го трансформираме како еден од главните економски
центри на Балканот бидејќи тоа го овозможува и новата крстосница на на Коридорот 8 и Коридорот 10 која поминува точно низ градот.
Македонија
Префрлањето на одговорноста за судството е неприфатливо, рече Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека и по повеќе од една година и пол на власт, ВМРО-ДПМНЕ не спровела ниту една од реформите предвидени во Реформската агенда со Европската унија.
„Годинава требаше да се донесат 12 закони. Не е донесен ниту еден,“ рече Филипче, додавајќи дека целта на владејачката партија не е реформа, туку контрола врз судствот.
Според него, таквото однесување повторно ја партизира државата и ја нарушува довербата во правосудството.
Филипче потенцираше дека префрлањето на одговорноста е неприфатливо.