Регион
Николиќ: Брисел од Србија за членство во ЕУ ќе бара да го признае Косово
Српскиот претседател Томислав Николиќ порача во саботата во интервју за Вечерње новости, дека Србија мора да биде подготвена да се соочи со барањата на Брисел кој приемот на земјата во Европската унија ќе го условува со признавањето на Косово и апелира за тоа прашање што поскоро да биде постигнат национален консензус.
Српскиот претседател Томислав Николиќ порача во саботата во интервју за Вечерње новости, дека Србија мора да биде подготвена да се соочи со барањата на Брисел кој приемот на земјата во Европската унија ќе го условува со признавањето на Косово и апелира за тоа прашање што поскоро да биде постигнат национален консензус.
„Апсолутно знам дека ќе се најдеме пред изборот: или Косово или Европа. Брисел ќе нé соочи со признавањето на (независноста) на Косово и на тоа мораме да бидеме подготвени. За тоа што поскоро треба да се постигне национален консензус и време е за тоа да разговараме со премиерот (Александар) Вучиќ“, вели во интервјуто српскиот претседател Томислав Николиќ.Поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија со доминантно албанско население, по војната во 1999 година и воздушните удари на НАТО врз Србија, во 2008 година еднострано, со поддршка на САД и важните западни држави од Европската унија, прогласи независност. Белград, како и некои земји од Е, не ја признаваат независноста на Косово. Во текстот на Вечерње новости се потсетува и дека по неодамнешните разговори со комесарот за европската политика на соседство и преговори за проширување, Јопханес Хан, српскиот претседател Николиќ „прв јавно преговори“ дека на Србија „сепак, пред слаткиот бриселски морков ќе и’ биде сервирано горчливото косовска апче“. „Зборовите на Хан од Европската унија никој не ги демантираше. А тоа значи дека комесарот не говореше само од својата глава, туку очигледно го изнесе официјалниот став“, вели Николиќ.Српскиот претседател истакнува дека тој повеќе не би учествувал во власта која би ја признала независноста на Косово, оценувајќи дека таа негова одлука владата нужно не мора да ја следи, но дека тој лично „очекува дека би се раководела од својот Устав, интересите, расположението на граѓаните, честа и моралот“. „Не се сомневам дека владата би ја имала истата позиција во тој случај. Меѓу луѓето кои нешто значат во српската политика не гледам неден кој поради морковот би го признал Косово и би се одрекол од сите жртви кои нашите предци ги поднесоа поради Косово. Истовремено би се одрекле од сето она што нé прави Срби“, истакнува Николиќ.Српскиот претседател во истото интервју најавува дека ќе иницира директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин по најавата дека Русија се откажува од проектот за изградба на гасоводот Јужен тек, оценувајќи дека „Русија е изолирана од големата западна машинерија“, како и дека „Европа и Русија денес се во кавга и ќе одат на исцрпување“. Во врска со препукувањата со Хрватска во врска со јавните истапи на хашкиот обвинет за воени злосторства Воислав Шешељ, во чијашто партија Српска народна партија (СРС) инаку претходно членуваа и сегашниот премиер Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ, вториот оценува дека „Хрватска е една земја пред, а друга по изборите“ и дека „за жал, таму резултатите уште зависат од ултранационалистите“. „Кога некој тука во кампања би рекол: ќе ги запреме Хрватите, со нив не можеме да живееме, тој не би го минал изборниот праг. А во Хрватска смета на победа оној којшто ќе каже: не им ја даваме на Србите кирилицата и да учат на својот јазик… Не се оддалечиле многу од војната“, вели српскиот претседател.Коментирајќи го фактот дека Шешељ по отпуштањето од Хаг го напаѓа повеќе него отколку Вучиќ, Николиќ му порачува на Шешељ дека „нема да му мине“ обидот да ги раскара и потсети дека Шешељ при доброволното заминување во Хаг му рече „Немој повеќе да ме слушаш, мене ќе ми биде изменета свеста во затворот“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина без такси 48 часа: возачите на улица против даночните мерки
Таксистите во Атина најавија 48-часовен штрајк, објави „Катимерини“. Нивното незадоволство произлегува од новите даночни политики и задолжителниот премин кон електрични возила.
Синдикатот на таксистите во Атина (SATA) наведува дека задолжителното воведување електрични автомобили го загрозува опстанокот на секторот, поради недостаток на соодветна инфраструктура за полнење, прифатливи цени на електричната енергија и реални трошоци за возилата. Таксистите оценуваат дека ваквиот потег претставува економско уништување, а не зелена транзиција.
Возачите изразија загриженост и поради недостиг од јасна регулаторна рамка која ги раздвојува такси-услугите од возилата за изнајмување со возач. Според SATA, такси-возилата обезбедуваат превоз од точка до точка, додека приватните компании за изнајмување продаваат време на патување.
Синдикатот тврди дека мултинационалните апликации за споделено возење го нарушуваат пазарот, посочувајќи дека грчките професионалци работат под строг надзор, додека странските компании функционираат без доволна контрола или локална даночна основа.
Таксистите бараат и пристап до лентите за автобуси при превоз на патници, нагласувајќи дека такси-услугите се дел од јавниот превоз и дека ограничувањата ги зголемуваат сообраќајните гужви и негативното влијание врз животната средина. Во однос на оданочувањето, SATA истакнува дека возачите се соочуваат со неправичен третман и растечки трошоци за гориво, одржување и живот, наведувајќи дека секторот повеќе не може да издржи прекумерен даночен притисок.
Фото: pexels
Регион
Вучиќ од Абу Даби: Пандорината кутија е отворена; ќе дадам сѐ за да го зачуваме мирот и нашата земја
Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на граѓаните од Абу Даби, каде што присуствуваше на отворањето на Неделата на одржливост 2026 и се сретна со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед.
Вучиќ изјави дека државата мора сериозно да се насочи кон развојот на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека светот влегува во нова ера на големи промени.
„Големи промени се случувале и порано – од 15 век, кога Европа воспоставила доминација благодарение на научните откритија и освојувањето територии. Денес сите гледаат дека доаѓа ново време кое го носи вештачката интелигенција. Ние сме на 39. место во светот според индексите, што е подобро отколку што очекувавме“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.
Тој додаде дека тоа не е доволно и предупреди дека за шест месеци неработење Србија може да падне и на 70. место, нагласувајќи дека мора постојано да се работи и учи.
„Се соочуваме со две работи – огромен напредок и стравот кај луѓето дека ќе ги загубат работните места“, изјави Вучиќ.
Тој истакна дека државата мора да создаде рамка која ќе го поттикне развојот на вештачката интелигенција, но и ќе гарантира дека граѓаните нема да останат без работа. Посочи дека три проценти од енергијата во Европа се трошат на суперкомпјутери и дека ќе биде неопходно зголемување на енергетските капацитети.
„Важно е да го подготвиме теренот за децата што доаѓаат по нас, за да можат рамноправно да се натпреваруваат со другите во светот“, додаде тој.
Вучиќ информираше дека имал кратка средба со шеикот Мохамед бин Зајед и изрази благодарност за гостопримството, додавајќи дека наскоро се надева на добри вести поврзани со НИС.
„Мораме да ги зголемиме капацитетите на ЕПС, но и да склучуваме договори со други за да ги обезбедиме нашите потреби“, изјави српскиот претседател.
Осврнувајќи се на меѓународната ситуација, Вучиќ зборуваше за Гренланд и Иран, оценувајќи дека светот влегува во период на голема неизвесност.
„Не се радувам на ништо од тоа што се случува. Се плашам од времето во кое влегуваме. Пандорината кутија е отворена и повеќе никој не може да ја контролира“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе вложи целосна енергија за да ги зачува мирот и државата.
Тој нагласи дека граѓаните на Србија не треба да се грижат и дека државата внимателно ја следи ситуацијата. Потврди и дека утре ќе има билатерална средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати.
„Станува збор за двајца лични пријатели. Разговараме како да ја унапредиме соработката. Не заборавајте дека дел од дроновите ги набавуваме од тука“, изјави Вучиќ.
На крајот, тој се осврна и на критиките од дел од медиумите, нагласувајќи дека Србија успеала да издржи и во најтешките моменти, дури и кога 94 дена немало испорака на нафта, без граѓаните да го почувствуваат тоа.
Регион
Снег падна и на Крит и островите во Егејот, дел од училиштата затворени
Снег падна во Грција, на полуостровот Халкидики и на островите во северниот Егеј – Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради, како и на планините околу Атина, но и на Евија и Крит.
На Крит сообраќајот на места беше во прекин поради силен град.
Поради временските услови, работата на повеќе училишта е прекината, а наставата се одвива онлајн таму каде што е можно.
Иако температурите се над нулата, снегот и понатаму се задржува.
Фото: pexels

