Вести
Кина го предупредува Тајван да се откаже од „халуцинациите за независност“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/tajvan20cai.jpg)
Тајван мора да се откаже од „халуцинациите“ за притисокот за независност, а секој потег кон тоа би бил „отровен“, објавија кинеските државни медиуми по изборната победа на Цаи Инг-вен и нејзината Демократска напредна партија (DDP) на Тајван.
Цаи Инг-вен и Демократската напредна партија (DDP) извојуваа уверлива победа на претседателските и парламентарните избори во саботата, што може да доведе до нов период на дестабилизација на односите со Кина, која Тајван го смета за своја одметната територија. Инг-вен вети дека ќе одржува мир со Кина, којашто предупреди дека ќе се спротистави на секаков потег кон независност на Тајван.
Реагирајќи на нејзината победа, кинеските медиуми користат поблага реторика отколку што беше случајот во времето на нејзиниот претходник Чен Шуи-биан, претходниот челник на DDP, истакнувајќи го нејзиното ветување за мир и здржување на статус-кво во односите со Кина.
Меѓутоа, официјалната новинска агенција Синхуа предупреди дека секој потег кон независност би бил како „како отров“ кој би предизвикал пропаст на Тајван. „Доколку нема мир и стабилност на Тајван, новите тајвански власти ќе се соочат со патењето на народот кој сака да му се решат економските тешкотии“, се наведува во текстот.
Кина го смета Чен, кој беше на власт во Тајван во периодот меѓу 2000 и 2008 година причина за проблемите и саботер во врските меѓу двете земји, дури и коа се трудеше да одржи стабилни односи со Пекинг.
Весникот на англиски The Global Times наведува дека доколку новата власт на Инг-вен настојува „да ја мине црвената линија“ како Чен, Тајван „ќе се најде во ќорсокак’. „Се надеваме дека Цаи ќе може да ја води DDP без халуцинации за тајванската независност, и ќе придонесува на мирниот и заеднички развој“ меѓу Тајван и Кина.
Самопрогласениот Тајван, Кина го смета за своја покраина и никогаш не се откажа од можноста да употреби сила за да го врати овој одметнат остров во матицата. Поразените националистички сили се повлекоа на Тајван откако ја загубија граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија во 1948 година.
Меѓусебните односи се подобрија откако во 2008 година тајвански претседател стана Ма Јинг-џеу, по што беа потпишани многу договори за трговија со Кина, но Пекинг и натаму е многу претпазлив во односите./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.