Вести
Либискиот воен лидер на рускиот носач на авиони
Воениот командант на либиски сили во источна Либија, генералот Халифа Хафтар го посетил во средата рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“, објавија руските медиуми, што западот го толкува како знак на руска поддршка на бунтовниците кои не ја признаваат либиската влада која ја поддржува меѓународната заедница и има покровителство од Обединетите нации.
Генералот Халифа Хафтар бил примен на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ кој се враќа од мисијата во Сирија кон Русија.
Бил поздравен од офицери, го разгледал бродот и потоа преку видео-врска разговарал со рускиот министер за одбрана, генералот Сергеј Шојгу за борбата против тероризмот на Блискиот исто, објави руското министерство за одбрана, пренесува агенцијата РИА.
Либија и повеќе од пет години по соборувањето на деценискиот авторитарен водач Моамер ел-Гадафи чие соборување го поддржуваше Западот, се наоѓа во хаос, и е поделена на фракции кои ги контролираат источните и западните територии, многу исламистички групации, кои ги поддржуваат ривалските влади и парламенти во Триполи и во Бенгази. Покрај тоа во градот Сирт уште е присутна џихадистичката групација Исламска држава.
Хафтар која го поддржува источниот парламент и владата, кои ги признаваше меѓународната заедница, веќе две години се бори против исламистите и другите фракции во Бенгази и на други места на истокот. Меѓутоа, како што оценува Reuters, на Западот многумина сметаат дека сака да ја преземе власта во земјата.
Притоа Reuters истакнува да минатата година се сретнал со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва кога побарал руска помош во борбата против исламистите во Либија. Се нагласува дека тогаш Кремљ не му ветил воена помош.
Столб на владините сили во Либија е групацијата на поранешниот генерал на либиската армија Халифа Хафтар, кој своевремено побегна во САД, а на 16-ти мај 2014 година откако му пристапи голем дел од офицерскиот кадар од сите родови на војската започна голема воена кампања против исламистичките милиции која ја наслови како „Достоинство на Либија“. Неговата иницијатива наиде на одобрување и поддршка во повеќето регуларни безбедносни структури, некои либиски племиња, како и политичари.
Хафтар е либиски генерал кој беше на високи позиции во бунтовничкиите сили кои во 2011 година го соборија тогашниот либиски водач Моамер ел-Гадафи, а британскиот весник The Economist во 2016 година го прогласи за „најмоќниот либиски воен водач“.
Хафтар е командант на Либиската национална војска (LNA) којашто се бори против ширењето на власта на Владата на националното единство (GNA) на истокот од државата. GNA во март влезе во Триполи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.