Скопје
Жерновски се сретна со претседателот на Здружението на пензионерите во Центар
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во четврток оствари средба со претседателот на Здружението на пензионерите на општина Центар, Павле Спасев.
Целта на средбата беше да се оствари соработка за проектот „Центар се грижи за возрасните“.
Преку овој пилот проект, општината ќе обезбеди професионална домашна нега за возрасни лица над 64 годни кои за тоа имаат потреба. Жерновски и Спасев договорија партнерство меѓу општината и здружението. Со ова партнерството, здружението и општината заеднички ќе го промовираат проектот за што поголем број на граѓани дознаат и се пријават за оваа бесплатна услуга.
Со проектот се предвидува граѓаните прво да ги посети социјален работник, кој ќе ги утврди нивните потреби. Потоа, земајќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, ќе се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно. Во трета фаза, лиценцирани негуватели во период од три месеци ќе ги посетуваат лицата по три пати неделно за да ја понудат услугата и потребите кои тие ги имаат. Периодот за апликации започна на 27.12.2016 и ќе трае до 27 јануари 2017-та година.
Жерновски и Спасев ги повикаа уште еднаш заинтересираните граѓани да ги подигнат апликаците од архивата на општината.
Доколку лично не се во можност тоа да го направат, потребно е да се јават на телефонскиот број 076/ 313 383 и служби од општината ќе ги посетат дома. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба.
Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство.

„Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка. Станува збор за технологија која спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Документите се доставуваат во Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.

