Црна хроника
Македонци продавале хероин во Швајцарија, парите ги префрлале во Македонија
Македонската полиција откри илјадници франци префрлани од Швајцарија на сметки во Македонија, заработени од продажба на хероин во Швајцарија и околните земји.
Главните продавачи на дрогата во Швајцарија, едниот од Гостивар, другиот од Куманово, биле уапсени во октомври минатата година, а во операцијата биле запленети 25 кг. хероин и 60 илјади швајцарски франци. За време на истрагата спроведена во Швајцарија беше утврдено дека дел од паричните средства стекнати од продажбата на дрога преку брз трансфер на пари, како и преку лица курири се испраќани во Македонија.Во четвртокот полицијата изврши претрес во домовите на двајца гостиварци и во туристичка агенција од Гостивар.Од извршените претреси пронајдена е документација за брз трансфер на поголеми суми на пари на име на повеќе лица, испратени од Швајцарија во Македонија. Дел од останатите проверки сè уште се во тек, а двете лица во својство на сведоци во текот на денот ќе бидат изведени пред надлежен Јавен Обвинител.Едно од лицата кај кои е вршен претресот е брат на еден од приведените во Швајцарија, кој според сознанијата од швајцарската полиција пред повеќе од 20 години бил фатен со 300 килограми хероин и за тоа бил осуден на казна затвор во времетраење од 18 години. По издржување на казната, истиот бил протеран и му била изречена забрана за влез во Швајцарија.Двајцата приведени во Цирих, подолг период наназад биле предмет на интерес на кантоналните и федералните органи на прогонот заради сомненијата дека станува збор за крупни играчи на швајцарскиот наркопазар кои ги снабдувале со хероин поголемите дилери во Швајцарија, но и околните земји. Сознанијата на швајцарските органи на прогонот говореле дека истите набавуваат големи пратки на хероин од Турција и по разни канали успевале илегално да го внесат во Швајцарија. Во една прилика швајцарските власти успеале да запленат и 100-тина килограми хероин, но заради непостоење доволно докази не успеале да покренат обвинение против 44 годишниот Саити Сабедин од Куманово и 56 годишниот Алигега Кујтим од Гостивар. Во меѓувреме нивното богатство растело, а нелегално стекнатите средства ги покривале преку бизниси со градежништво и трговија со половни автомобили. Според некои проценки само домот во кој живее Саити во Цирих, чини неколку милиони швајцарски франци.По вклучувањето на македонската полиција во истрагата и откривањето на 25те килограми хероин, односно приведувањето на двете лица, од направените проверки сомненијата на швајцарските органи на прогонот велат дека на разни начини преку вршење на кривичното дело перење пари, двајцата успеале да канализираат над 2,5 милиони швајцарски франци./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

