Црна хроника
Се запали куќа во делчевско, стопанот сам ја изгаснал оти пожарната не можела да стигне заради снегот

Пожар избувнал во четвртокот вечер во семејната куќа на Г.Б. (64) од село Илиово, делчевско, при што била зафатена една соба во која престојувале и изгорела покуќнината и дел од таванската конструкција.
Известена била ТППЕ-Делчево, кои поради непристапниот терен и временските неприлики (големите наноси од снег), не можеле да излезат на местото на настанот. Пожарот за кратко време бил локализиран од страна на пријавителот, неговиот татко и Ј.Р. од Илиово.
Истиот настанал најверојатно поради палење на саѓите во оџакот, меѓутоа точните причини ќе бидат утврдени по извршениот увид на самото место. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Поднесено обвинение за Штекли и уште девет лица за продажба на кокаин и марихуана

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против десет лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Станува збор за групата што вршела продажба на дрога, а првообвинет е Раде Трајковски познат како Штекли.
Според информациите на Обвинителството, во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со кокаин и марихуана.
„Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на нарко-пазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи“, соопшти Обвинителството.
Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признале вината и се спогодиле со обвинителството и притоа добиле затворски казни.
Со Обвинителниот акт предметниот обвинител достави и предлог за продолжување на мерка притвор и мерка куќен притвор за обвинетите.
Црна хроника
Насилство во Центарот за социјални работи – скопјанец пријавил дека го нападнала партнерката

Триесет и осумгодишен скопјанец, во полицијата пријавил дека во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата поранешна партнерка А.Д.(35).
Истотака, според пријавеното, и нејзин родина му се заканувал со остар предмет му се заканувал.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пукано кон маж од скопско Цветово

Триесетгодишниот З.Д. од селото Цветово, Скопско, бил хоспитализиран по вооружен инцидент.
Според пријавеното, синоќа по расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од селото Елово, скопско, Е.Б. пукал кон него.
Од МВР информираат дека мажот се здобил со повреда во ногата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.