Црна хроника
Пијан скопјанец навредувал полицајци, па бегал за да не биде алкотестиран
Четириесет и четиригодишен скопјанец, под дејство на алкохол, навредувал полицајци, соопшти полицијата.
Според истиот извор, по пријава за нарушен јавен ред и мир во кафеана во Порта Влае, дошле тројца полицајци, кои веднаш биле омаловажувани со погрдни зборови од страна на М.П.(44).
Тој бил приведен во полициска станица, каде одбивал да биде алкотестиран, поради тоа бил пренесен на клиниката за Токсикологија со цел да му се утврди психофизичката состојба.
Кога возилото на итната медицинска помош застанало на семафор на улица Метрополит Теодосиј Гологанов, М.П. во еден момент со лактот удрил полициски службеник во пределот на стомакот, ја отворил вратата од возилото и почнал да бега, но за кратко време бил фатен. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Гостивар, фатен при извршување кражба во црква
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Нападнала ученичка во основно училиште: тетовка осомничена за насилство врз дете
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово.
Како што соопшти полицијата таа се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете’’.
Имено на 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Црна хроника
Претепал лекар и полициски службеник: кривична за 29-годишник од Тетовско
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с.Челопек, тетовско.
Според полицијата, тој се сомничи за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

