Контакт

Вести

И покрај ’руската закана“ воените буџети на членките на НАТО помали од бараното

Објавено пред

И покрај стравувањата поради наводната руска агресија во Украина и политичките ветувања дадени на самитот на НАТО на почетокот до ланскиот септември во Велс дека своите воени буџети ќе ги зголемат за 2 отсто од бруто домашниот буџет (БДП), истражувањето на непрофитното здружение European Leadeship Network (ELN) чие седиште во Лондон за тоа колку овие земји планираат да потрошат на армиите покажува дела 14 земји од Алијансата нема, освен една, да ги исполнат преземените обврски.

dobivaj vesti na viber

Во истражувањето на European Leadeship Network (ELN) биле собрани податоци за 14 земји од НАТО за да е утврди дали тие се движат на насока на она што е договорено пред шест месеци во Велс дека во 2015 година за одбрана ќе издвои 2 отсто од БДП-то. Само една од овие 14 држави – Естонија, ќе ја исполни оваа обврска, со буџет за одбраната од 2,05 отсто од својот БДП.

Шест земји ќе ги намалат издвојувањата за одбрана, а меѓу нив се и двете европски земји од НАТО кои најмногу трошат на армијата, Велика Британија – 48,4 милијарди евра или 1,88 отсто од БДП-то, и Германија – 32,26 милијарди евра или 1,09 отсто од БДП-то. За споредба, буџетите на овие две земји за одбраната во 2014 година изнесувале 2,07 отсто до британскиот БДП и 1,14 отсто од германскиот БДП.

„Се поставува прашањето дали Германија ќе може да придонесе за заедничките потреби на НАТО во областа на одбраната“, пишуваат во извештајот експертите од ELN Деница Рајнова и Иан Кернс.

Другите четири НАТО земји кои ги намалуваат средствата наменети за одбраната се Канада, Италија, Унгарија и Бугарија, и нивните издвојувања за одбрана годинава ќе изнесуваат 1 процент од БДП .

Хрватска најави дека нејзиното издвојување за војската ќе остане непроменето од минатата година и ќе изнесува 1,3 отсто од БДП-то, околу половина милијарда евра. А Франција е уште една од европската „голема тројка“ на НАТО којашто ќе остане на истото ниво како и претходната година, односно 1,5 отсто од БДП-то, односно 31,4 милијарди евра.

Полска, која е близу остварувањето на целта од 2 отсто од БДП-то, ја предводи групата од шест земји коишто ќе го зголемат својот воен буџет, но сé уште не ја достигнале посакуваната бројка од 2 отсто до БДП-то. Во оваа група уште се Латвија, Литванија, Норвешка, Холандија и Романија.

„Некои земји продолжуваат да се однесуваат како ништо да не се случува, а во некои случаи го прават токму спротивното од она за што во НАТО донесоа одлука“, се истакнува во извештајот на ELN.

Од таму „потсетуваат“ дека Полска и балтичките земји, како и Романија, „се најмногу загрижени поради новите руски закани“, како и дека воените буџети „ги зајакнуваат“ и Холандија и Норвешка. Холандија, која уште го памети уривањето на малезискиот авион кај Донецк и загинувањето на 193 свои државјани, „првпат во последните десет години ќе потроши на војската повеќе а не помалку“, се вели во извештајот од истражувањето.

Во извештајот се заклучува да реториката на самитот од Велс не наишла на прием кај големите европски воени сили, како што се Велика Британија, Франција и Германија. Зад фасадата на единство на НАТО, меѓу сојузниците преовладува различна перцепција на заканите, што се гледа и во нивните различни пристапи на воените буџети, се заклучува.

Во ELN констатираат дека е тешко да се очекува позначајна промена во долгорочниот тренд на падот на издвојувањата за одбраната од страна на членките на НАТО во Европа, „и покрај неповолниот развој на настаните поради постапките на Русија и ситуацијата на Блискиот исток“.

Ниту една земја од НАТО, опфатена со споменатиот извештај нема ниту финансиски средства, ниту поддршка од домашната јавност во целост да ги модернизира своите вооружени сили и сеопфатно да ги развие воените капацитет. Единствено реалистично сценарио за напредок во оваа сфера е јакнењето на соработката меѓу земјите членки на Алијансата, порачуваат од ELN./крај/мф/сн

Извор: ELN



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија24 минути

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето на креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет3 часа

Трамп: Хамас копа низ урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа3 часа

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа3 часа

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...

Свет4 часа

Хамас врати уште две тела на заложници, велат дека не можат да ги пронајдат другите

Хамас вчера ги предаде останките на уште двајца заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, но соопшти дека во моментов...

Македонија11 часа

Фон дер Лајен по посетата на Македонија: Топката е во Вашиот двор, ЕУ е подготвена

Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија. Може да сметате на нас. Вашиот следен и единствен...

Македонија14 часа

Гаши – фон дер Лајен: Економска интеграција на единствениот европски пазар пред интеграција во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамките на...

Македонија15 часа

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно наследство

Поради изградба на објект, оштетен е ѕид и кровот на куќата на Владо Малески во Струга, споменик заштитен како културно...

Македонија16 часа

Мицкоски на средбата со фон дер Лајен: Државата очекува од Европската Унија јасна и конкретна посветеност

Денес во просториите на Владата, премиерот, Христијан Мицкоски, имаше средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во...

Македонија17 часа

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица, партијата ќе се жали во Стразбур

Уставниот суд ја одби Иницијативата на Левица за оценување на уставноста и законитоста против Упатството на ААВМУ што се однесува...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија23 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија24 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија1 ден

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија1 ден

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија1 ден

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија1 ден

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...