Контакт

Вести

Бајкерите ќе подигнат „ѕид од месо“ за одржување на редот на инаугурацијата на Трамп

Објавено пред

Основачот на бајкерското движење „Bikers For Trump“, Крис Кокс, изјави дека неговата организација е подготвена да направи жив ѕид за заштита на граѓаните кои ќе присуствуваат на инаугурацијата на избраниот американски претседател Доналд Трамп на вашингтонски Капитол Хил на 20-ти јануари.

dobivaj vesti na viber

Илјадници мотористи се подготвуваат да присуствуваат на инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон, потврди Крис Кокс за телевизиската мрежа Fox News.

Акцијата на бајкерите е планирана за да се спречат какви било инциденти за време на церемонијата на која 45-от претседател на САД ќе ја положи свечената заклетва.

„Ќе учествуваме на инаугурацијата. Ќе формираме ѕид од месо“, рекол Кокс.

На барањето да појасни што подразбира под „ѕид од месо“, Кокс одговори „Ќе застанеме рамо до рамо и ќе се соочиме со оние кои ќе се обидуваат да го пробијат кордонот на полицијата“. Порача да бајкерите од неговото здружение очекуваат мирно предавање на власта на новиот шеф на држава.

Претходно водачот на бајкерите рече дека во Bikers For Trump има стотици илјади луѓе од многу сојузни држави, како Тексас, Аризона, Флорида, Пенсилванија, Охајо, Њујорк, а десетици илјади се веќе тргнати кон Вашингтон.

Изминатите денови беше објавено дека 28 здруженија и организации побарале и добиле дозвола за одржување протести на денот на инаугурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон. Еден нивен претставник најави дека неговите активисти ќе ги блокираат контролните пунктови на полицијата. Властите на Вашингтон соопштија дека според најавите во пријавите за собирите на кои ќе се протестира против Трамп, се очекуваат околу 350 илјади демонстранти./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет14 часа

Трамп пресече: Понеделник ќе биде „Денот Д“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин во понеделник, 19 мај. Разговорот со...

Македонија16 часа

Таравари: Не сме навикнати да бидеме декорација, така беше во Владата

Арбен Таравари, поранешниот министер за здравство, ја објасни својата оставка во интервју за албанската телевизија МЦН. Како причина за напуштањето...

Македонија17 часа

Ноќва ќе се смрзнеме, УХРМ предупредува за минусни температури

Наспроти најавите за потопло време, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека ноќва и утре изутрина температурите во некои делови...

Економија17 часа

„Шахтерм“ ќе инвестира 50 милиони во Скопје, прва фабрика надвор од Турција

Со поставување камен темелник денеска официјално започна реализацијата на инвестицијата на турската компанија „Шахтерм“, производител на грејачи и отпорници за...

Економија18 часа

„Мудис“ го урна највисокиот рејтинг, Трамп во незгодна ситуација

Агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Соединетите Американски Држави од највисокото ниво „Ааа“ на „Аа1“, наведувајќи...

Свет20 часа

Путин го откри планот за октомври, а кој нема да му се допадне на Западот

Рускиот претседател Владимир Путин ги покани лидерите и генералниот секретар на Лигата на арапските држави да учествуваат на првиот руско-арапски...

Економија21 час

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра,...

Македонија21 час

Ахмети му порача на Мицкоски дека Албанците не се гости во оваа држава

На завршниот мобилизациски собир на ДУИ во Арачиново, лидерот Али Ахмети испрати остри политички пораки до премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи...

Свет23 часа

На заробените Украинци им вадат и бушат нокти, им сечат прсти, им вадат очи со лажица…

Војната во Украина, која започна во февруари 2022 година со руската инвазија, трае повеќе од три години и има сериозни...

Македонија24 часа

Денес облаци и дожд, утре стабилизација и температури до 26 степени

Во текот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд во западните делови од...

Економија1 ден

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството…...

Свет1 ден

Главниот преговарач на Москва се огласи и испрати порака: Русите секогаш го добиваат своето

Војната и преговорите во историјата отсекогаш се воделе истовремено, изјави шефот на руската делегација за преговори со Украина и помошник...

Македонија2 дена

(Видео) Бело платно со имињата на жртвите од пожарот во Кочани пред Обвинителството

Иницијативата „Кој е следен“ со герила акција побара правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март...

Македонија2 дена

Обвинителите објавија нова видеоснимка на која Манев се враќа по лопата: „Однапред се подготвувале за убиството на Вања“

На денешното рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска беше прикажана необјавена снимка од 24 ноември 2023 година,...

Македонија2 дена

Четворица повредени од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, во странство остануваат уште 11 лица

Министерството за здравство информира дека уште четворица пациенти, кои беа повредени во пожарот во Кочани, се враќаат од странство и...

Македонија2 дена

Ексдиректорите осудени на една година и шест месеци затвор за пожарот во модуларната болница во Тетово

Ексдиректорите на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор за...

Македонија2 дена

Добив втора шанса за живот: се огласи повредениот гитарист на ДНК

По два месеца лекување во Солун од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се огласи познатиот музичар и член на...

Македонија2 дена

Меџити ќе чека на „Вреди“ да се приклучат членови од опозициските албански партии, а потоа ќе предложи нов министер за здравство

Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити како еден од лидерите на „Вреди“ денес рече дека предлогот за нов...

Европа2 дена

(Видео) Почна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина почна во петокот во Истанбул под водство на...

Македонија2 дена

Ја удирал со боксови и тупаници, па ја силувал во автомобил на паркинг во Сопиште: поднесено обвинение против 37-годишен скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје спроведе истражна постапка и поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Полов напад...