Економија
Наградна игра на Dell, зимување во Австрија

Љубителите на зимскиот одмор, адреналинските ски патеки и зимската идила благодарение на Dell и ИТД Дистрибуција добиваат неверојатна можност оваа зима во периодот од 25.02 до 04.03.2017 да уживаат, скијаат и одмараат во најактуелната ски дестинација за 2017 година Ишгл, Австрија.
Ишгл е место во Австрија сместено во западниот дел на Тирол кое брои околу 1600 жители. Со преку 200 километри долги патеки за скијање, 40 км патеки за трчање и 42 ски лифта, Ишгл се вбројува во една од најзабавните и најатрактивни дестинации за скијање во Европа. Посетителите имаат на располагање и романтични лизгалишта, патеки за ски скокови, хотели со врвна услуга и фантастични места за луда забава во повеќе од 30 барови и ресторани, казина и ноќни клубови. Во текот на целата зима во Ишгл се одржуваат и концерти на најголемите светски музички ѕвезди.
Доколку вашиот зимски одмор го замислувате токму на ваква дестинација и се што нуди ова место е по ваш вкус, се што треба да направите за бесплатно да уживате во Ишгл е до 31.01.2017 да купите нов Dell лаптоп од сериите Inspiron, XPS, Аlienware и купонот кој ќе го добиете заедно со преостанатите потребни документи да ги испратите на адреса ул.1552 бр.22 Визбегово, 1012 Скопје, п.фах 26 преку пошта, најдоцна до 04.02.2017 година. На 11.02.2017 година со јавно извлекување ќе се дознае и среќниот добитник од Македонија на зимување за двајца во прекрасниот Ишгл, Австрија.
Сите детални информации и правила на наградната игра може да се најдат на следниот линк: http://www.itd.mk/?page_id=14 /крај/мf
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 74 милиони евра од втората транша на кредитната линија за инвестиции и развој наменета за македонските компании

Денес, Развојна банка ја исплати втората транша во износ од 74 милиони евра кон комерцијалните банки, за проекти на 248 компании од кредитната линија за инвестиции и развој.
Од износот на оваа транша, најголем дел, односно 62%, се наменети за мали претпријатија за реализација на 153 одобрени проекти. По однос на структурата на дејности, 96 проекти се од областа на производството, 27 проекти за градежништво, 61 проект за трговија, 38 проекти за поддршка на транспортот, 9 за хотели и угостителство, 12 за услуги и 5 проекти за останати дејности на компаниите.
Македонските компании од оваа транша ќе инвестираат во опрема 28 милиони евра, за градежни инвестициите се во износ од 36 милиони евра, за обновливи извори на енергија 7 милиони евра и транспортни средства во износ од 3 милиони евра.
Развојната банка останува интензивно да работи како и до сега за реализација на останатите транши од кредитната линија наменета за инвестиции и развој на домашните компании, се истакнува во соопштението.
Економија
Трипуновски: Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат

Денеска сум на работна посета во Ресен, утрово имав состанок со градоначалникот и со советниците. На состанокот разговаравме за ситуацијата која што го погоди овој регион, односно за ниските температури кои што беа изминативе денови“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира комисија за процена на штета и од понеделник ќе се објави Јавниот повик на кој што сите земјоделци треба да пријават ако имаат настанати штети од ниските температури во изминативе денови“, појасни министерот.
Трипуновски ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени кои што се направени на терен.
„Ние како Министерство, како Влада ќе излеземе во пресрет и ќе ги обесштетиме сите земјоделци кои што претрпеа штета од овие ниски темперетури“, нагласи тој.
Економија
Црна Гора во фокусот на стартап-заедницата: потпишани насоки на иницијативата Adria ScaleUp

На маргините на ESG Adria Самитот во Порто Монтенегро, претставници на стартап и иновациската заедница од целиот регион официјално ја поддржаа иницијативата Adria ScaleUp – заедничка платформа насочена кон отстранување на пречките и создавање поволни услови за раст и развој на стартапи низ Adria регионот. Иницијативата беше координирана од Western Balkans Startup Alliance, Plug and Play Tech Center и Sustineri Partners, со поддршка од бројни основачи на стартапи, акцелератори, фондови, истражувачки институции, иновациски центри, како и претставници од приватниот и јавниот сектор.
Иницијативата беше претставена за време на затворена тркалезна маса, на која учесниците дискутираа за структурните и политичките предуслови за долгорочен раст на иновативните компании, како и за актуелните пречки кои го ограничуваат пристапот до капитал, регионалната соработка и институционалната поддршка.
Воведни излагања имаа Нина Николиќ, коосновач на Western Balkans Startup Alliance, Ураник Бегу, директор за CEE регионот во Plug and Play Tech Center, и Билјана Брејтвеит, директорка на Sustineri Partners. Сите се согласија дека координираниот регионален пристап и инклузивните политики кои ги одразуваат реалните потреби на стартап заедницата се од клучно значење.
„Посебно внимание беше посветено на анализа на инвестицискиот јаз во регионот и недостатокот на структури кои градат доверба кај инвеститорите. Во тој контекст, учесниците дискутираа за конкретни мерки за привлекување на повеќе приватен капитал – вклучувајќи даночни олеснувања за инвестиции во иновации, јавно-приватни инвестициски модели и поддршка за компании водени од жени и млади. Исто така беше претставен заеднички нацрт-документ кој ги дефинира клучните елементи на иницијативата, а кој ги обедини десетици потписници од претприемачкиот, инвестицискиот, акцелераторскиот и академскиот сектор“, изјави Брејтвеит.
„Од самиот почеток, Western Balkans Startup Alliance ги поврзува највлијателните лидери на иновациите во регионот. Преку континуирана соработка меѓу инкубатори, акцелератори и стартап заедници, изградивме силни темели за соработка, размена на знаење и заеднички глас кон креаторите на политики. Нашата посветеност на регионален пристап, заснован на реални потреби на стартапите и практични решенија, ја прави оваа алијанса силен двигател на долгорочни промени. Ни треба иницијатива која поттикнува регионален дијалог помеѓу институциите и стартап заедницата. Заедно градиме посветла иднина“, порача Нина Николиќ.
Во периодот од април 2025 до април 2026 година, иницијативата ќе биде фокусирана на пет стратешки насоки. Прв приоритет е спроведување на сеопфатна анализа на политики со цел идентификување на правните и регулаторните пречки кои го забавуваат растот на иновативните компании. Вториот приоритет е поедноставување и усогласување на прописите што се однесуваат на регистрација на компании, прекугранично делување и заштита на интелектуална сопственост. Третата насока вклучува развој на паметни поттикнувања за иновации и истражување, меѓу кои се даночни олеснувања, грантови и модели на заедничко инвестирање. Четвртиот фокус е зајакнување на регионалната поврзаност преку споделена инфраструктура и прекугранични иновациски програми. Конечно, петтиот приоритет се однесува на воспоставување формални механизми кои ќе овозможат активно вклучување на стартап заедницата во обликувањето на политиките на регионално ниво.
„Adria ScaleUp иницијативата е важен чекор кон системски пристап во развојот на регионалниот стартап екосистем. Ако сакаме стартапите овде не само да се појават, туку и да растат и останат, мораме да им понудиме предвидлива, поврзана и поттикнувачка околина. Тоа значи усогласени прописи, паметни поттикнувања и инфраструктура која не завршува на граница. Оваа иницијатива покажува дека сме подготвени за соработка – не само преку идеи, туку и преку конкретни алатки кои ќе го олеснат скалирањето на компаниите и ќе ја вклучат стартап заедницата во обликувањето на политиките. Ми претставува задоволство што Plug and Play може да биде дел од овој процес, заедно со партнери кои разбираат дека одржлива иновација се гради преку партнерство“, додаде Ураник Бегу, директор на Plug and Play Tech Center за Југоисточна Европа.
Заклучено е дека првиот годишен извештај за напредокот ќе биде објавен на следниот Самит во април 2026 година, со што ќе се постави јасна рамка за следење на резултатите и одговорностите. Иницијативата останува отворена за нови партнери, а повикот е упатен до чинители од приватниот и јавниот сектор, како и до меѓународни организации и технолошки лидери.
ПР