Вести
Контроверзниот руски уметник Павленски побара азил во Франција
Контроверзниот руски уметник Пјотр Павленски, во вторник изјави дека поднел барање за азил во Франција, откако бил известен дека против него е покренато обвинение за силување.
Павленски (32) минатата година два пати беше на судење за вандализам во Москва и Санкт Петербург. Меѓу другото, тој беше и на судски процес затоа што во Москва ја запали влезната врата на зградата која некогаш беше седиште на тајната разузнувачка служба KGB, сегашна Федерална служба за безбедност (FSB).
Полицијата го привела уметникот и неговата сопруга на меѓународниот московски аеродром Шереметјево и го известила дека против него е подигнато обвинение за силување. Павленски ги отфрли обвинувањето, наведувајќи дека поминал ноќ со актерка која подоцна го обвинила дека ја силувал, пренесува BBC.
Тој и неговото семејство успеале да ја напуштат Русија и да побараат политички азил во Франција.
Павленски привлече медиумско внимание во 2013 година кога ги прикова своите тестиси меѓу коцки на калдрма на Црвениот плоштад. Судските органи по истрагата го затворија случајот, наведувајќи дека контроверзниот уметник не сторил никаков престап.
Московската полиција тогаш наведе дека Павленски немал политички, етнички или верски мотив за направеното дело.
Во 2014 година тој беше на суд заради палење на гуми на паркирани возила во Санкт Петрербург на собирот за поддршка на анти-владините протести во Украина кога беше сменет про-рускиот претседател Виктор Јанукович.
Уметникот во 2013 година се појави без облека со бодликава жица на телото пред зградата на парламентот во Санкт Петербург во знак на протест на како што наведе „репресивните закони“ во Русија. /крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.