Свет
Трамп има намера да носи уредби веднаш по преземањето на должноста, ќе задржи 50 функционери на Обама
Избраниот американски претседател Доналд Трамп, кој во четвртокот допатува со воен авион во Вашингтон каде во петок ќе ја положи заклетвата за 45-ти претседател на САД, се подготвува да носи уредби веќе од својот прв ден во Белата куќа во петокот за да ги укине политиките на претседателот на заминување Бара Обама и да ги спроведува деловите од своите планови за запирање на имиграцијата и изградба на ѕид на америкнско-мексиканската граница, а побарал 50 владини функционери засега да останат во неговата администрација.
Донлд Трамп пристигна во средата во врска со инаугурацијата, но се врати во Њујорк, каде што преспа. Како што наложува традицијата, Трмп во четвртокот вечерта ќе преспие во Вашингтон, во службената резиденција Блер Хаус. Трамп во петокот точна напладне по локално време (во 18 часот по средноевропско време) ќе ја положи заклетвата и ќе ја преземе должноста од претседателот на заминување Барак Обама. По полагањето на заклетвата во петокот попладнето ќе се всели во Белата куќа.
Во темен костум со сина вратоврска, идниот американски претседател се спушти од скалилата на авионот во друштво на сопругата на Меланија која носеше очила за сонце и капут со темна боја и нивниот син Барон, пренесува AFP.
Авионот слета во воената база „Ендрјуз“, каде што е стациониран претседателскиот авион „Air Force One“ со кој Трамп отсега ќе патува по инаугурацијата. Повората со Трамп веднаш се упати во вашингтонскиот хотел кој го носи неговото име „Trump International Hotel“, кој лично го отвори во текот на предизборната кампања, каде што ручаше со челниците на републиканското мнозинство во Конгресот.
Доналд Трамп треба заедно со својот иден потпретседател Мајк Пенс да учествува и на свеченоста на воените гробишта Арлингтон, во предградието на престолнината, во чест на воените ветерани. Ќе одржи говор во рамките на концертот и огнометот ко по повод инаугурацијата ќе се организираат во близина на Линколновиот меморијален центар, каде што ќе настапат неколку пејачи на кантри музика.
Медиумите веднаш по неговото пристигнување во Вашингтон пишуваат дека Доналд Трамп уште во петокот веднаш по заклетвата во петокот, има намера да го искористи едно од најмоќните средства во својот кабинет – претседателското пенкало, за да ги потпише уредбите кои може да се спроведат и без расправа во Конгресот.
„Тој е предаден на тоа, не само првиот ден туку и вториот и третиот, да ги донесе стварните промени и мислам дека ќе го видите тоа во следните денови и седмици“, изјави за новинарите Шон Спајсер, портпаролот на Трамп, додавајќи дека очекуваат активности во петокот, во текот на викендот и на почетокот од следната седмица, пренесува CNN.
Главната тема на програмата на Доналд Трамп за зауздување на имиграцијата и создавање на работните места, додаде Спајсер.
Советниците на Трамп провериле повеќе од 200 можни уредби чиешто потпишување тој ќе го провери, а станува збор за прашања од областите за здравствена грижа, имиграцијата, енергетиката итн. Не е познато колку од тие укази Трамп ќе одобри, изјавил за Reuters член на неговиот преоден тим кој нема овластувања да дава изјави за медиумите.
Се очекува дека Трамп во првите неколку дена по преземањето на должноста ќе го потпише указот за градење на ѕидот на јужната граница со Мексико , што е еден од неколкуте чекори поврзани со зауздувањето на неконтролираната имиграција коишто му ги препорачале советниците. Тоа вклучува и укинување на уредбата н аОбама со која им беше дозволено на повеќе од 700.000 луѓе, кои се доведени во САД илегално уште како деца, да останат во земјата со двегодишна дозвола за работа и учење на колеџ.
Доналд Трамп побарал од 50 владини функционери на важни места засега да останат во неговата администрација, а меѓу нив се заменикот на министерот за одбрана Роберт Ворк и американскиот пратеник за борбата против Исламската држава, Берт Мекгар, потврди во четвртокот Спајсер.
Задржувањето на важните функционери од администрацијата на Обама е клучно за континуитетот на владата и со тоа се гарантира подготвеноста на земјата за решавање на какви и да се можни инциденти, рече Спејсер на прес-конференцијата.
Педесетте функционери ќе останаа на своите места додека администрацијата на Трамп не најде замени, додаде./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Софија предупредува: Блокадата на границите со Србија и Македонија носи критични економски загуби
Економските загуби за Бугарија и соседните земји ќе бидат критични поради блокадата на границите со Србија и Северна Македонија, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов за време на денешниот „Софски економски форум“.
„Ваквите блокади водат до многу сериозни последици не само за транспортот, туку и за целата економија што зависи од снабдувањето“, рече Караџов, цитиран од БНТ. Според него, постапките на превозниците од Западен Балкан ги кршат основните европски права за слободно движење на стоки.
И покрај сериозноста на ситуацијата, министерот за транспорт појасни дека Бугарија нема овластување сама да го реши проблемот. Тој ги упати превозниците кон европските институции, бидејќи спорот е поврзан со новите правила за влез во Шенген зоната, пренесува „Факти.бг“.
„Подобро е да седнеме и да разговараме со европските институции. Ниту владата во Бугарија, ниту која било друга земја-членка немаат никаква врска со оваа одлука“, додаде Гроздан Караџов. Тој ја повика Европската комисија што поскоро да почне преговори за да се најде компромис додека не се отворат границите.
Вицепремиерот изрази сериозна загриженост дека неговите обиди да иницира „прозорци“ за премин преку граничните премини Калотина и Гујешево може да бидат неуспешни.
Во моментов, загубите за превозниците се проценуваат на десетици илјади евра дневно, а ризикот од последователни потреси врз цените на основните производи останува висок.
Свет
Германија нуди 1 милион евра за информации за нападот врз електричната мрежа во Берлин
Германија нуди награда од 1 милион евра за информации што ќе доведат до апсење на осомничените екстремно левичарски милитанти чие палење претходно овој месец предизвика масовен прекин на електричната енергија во Берлин.
Полицијата трага по членови на „Vulkangruppe“ (Вулканска група), која ја презеде одговорноста за нападот, објави Euronews.
Нападот остави околу 45.000 домови и 2.200 бизниси во југозападниот дел на германската престолнина без електрична енергија речиси една недела во сред зима. Тоа беше најдолгиот прекин на електричната енергија во градот од крајот на Втората светска војна.
Крајно левичарската „Vulkangruppe“ ја презеде одговорноста за прекинот во неколку онлајн објави, велејќи дека нивната цел била да ја нападнат индустријата за фосилни горива, а не да предизвикаат прекин на електричната енергија.
Германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, вети решителен одговор при објавувањето на наградата.
„Нашите безбедносни агенции ќе бидат значително зајакнати во борбата против левичарскиот екстремизам“, изјави тој. „Верувам дека е соодветно да се нагласи сериозноста на ситуацијата со награда од ваков обем“.
Добриндт објави дека полицијата ќе започне јавна кампања за собирање информации и промоција на наградата, што вклучува делење летоци и лепење постери во берлинското метро.
фото/Depositphotos
Свет
Русија од почетокот на годината зазела над 500 квадрати километри од Украина, според началникот на Генералштабот
Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов, ги посетил единиците на истокот на Украина и изјавил дека Русија од почетокот на јануари зазела повеќе од 500 квадратни километри територија.
Во видеоснимка објавена од руското министерство за одбрана, Герасимов тврди дека руските сили напредуваат „на сите правци“.
Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека Герасимов ги посетил војниците кои се борат на истокот на Украина. Во објавата на Телеграм се наведува дека тој „извршил увид во напредокот на борбените задачи што ги спроведуваат формациите и единиците на борбената група Запад“. Министерството не прецизира кога и каде точно се случила посетата.
Герасимов во видеото изјавува дека руските сили „ја продолжуваат офанзивата на сите правци“.
Според него, од почетокот на годинава руската војска презела контрола врз 17 населени места и повеќе од 500 квадратни километри украинска територија. Тој тврди и дека руските сили напредуваат кон градот Запорожје.
Објавата за посетата на Герасимов доаѓа неколку дена по трилатералните преговори меѓу руските и украинските претставници, одржани во Обединетите Арапски Емирати со посредство на САД. Целта на преговорите е да се стави крај на војната што трае речиси четири години. Наредната рунда преговори, според најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се очекува на 1 февруари.

