Свет
Трамп: Дождот на инаугурацијата нема да ми пречи, ќе докажам дека косата е моја (сатница на инаугурацијата)
Смислата за хумор ја демонстрираше во четвртокот вечерта новиот американски претседател Доналд Трамп на гала вечерата одржана во Вашингтон со донаторите, велејќи дека дождливото време во текот на инаугурацијата во петокот нема да му пречи, бидејќи така повторно ќе докаже дека не носи перика, туку дека косата е негова.
„Досега сé мина во најдобар ред, но големиот момент настапува утре околу 12 часот. И нема да ми пречи доколку врне, бидејќи луѓето уште еднаш ќе се уверат дека мојата коса е вистинска“, се шегувал Трамп на гала вечерата на која присуствувале голем број донатори.
Пред три месеца Трамп во гостувањето во емисијата „The Tonight Showu“ Џими Фалон, една од најгледаните емисија на американските телевизии. Својот вообиачено остар настап тогаш го замени со допадливо издание.
Го издржа „решетањето“ од страна на Фалон., ги поднесе дури и имитациите на своја сметка, согласувајќи се на крајот популарниот телевизиски водител да му ја разбушави косата. Од почеток малку негодуваше, но поттикнат од овациите, на крајот се согласи. Фалон добро ја разбушави косата на Трамп, а во тоа време републиканскиот претседателски кандидат тоа го издржа со насмевка. – Од главата ништо не му испадна.
Инаугурацијата на Доналд Трамп за 45-ти американски претседател е кулминација на повеќедневното славеничко расположение во Вашингтон.
Во четвртокот во 16.35 часот по средноевропско време започнаа концертите пред Линколновиот меморијален центар. Во четвртокот Доналд Трамп и неговиот потпретседател Мајк Пенс учествуваа на свеченоста на полагање на венец на Националните гробишта Арлингтон во чест на сите загинати американски воени ветерани. Потоа вечерта од 22 часот до полноќ по средноевропско време, Трамп се појави на вториот дел од концертот пред Линколн центарот под наслов „Да ја направиме Америка повторно голема! Добредојдовте“, кој заврши со величествен огномет.
Избраниот претседател ноќеваше во претседателската гостинска резиденција „Блер Хаус“, наспроти Белата куќа.
Во петокот наутро по локално време, Трамп и Пенс прво ќе заминат на литургија во епископалната црква недалеку од Белата куќа, а потоа претседателот на заминување Барак Обама и неговата сопруга Мишел ќе бидат домаќини на Доналд и Меланија Трамп на чајанка во Белата куќа. Потоа заедно ќе се упатат кон Капитол Хил.
Во 9.30 часот по локално вре ме, 15.30 часот по средноевропско, започнува инаугурациската свеченост. Ќе присуствуваат членовите на Конгресот, судиите од Врховниот суд, дипломати и јавноста.
Како што беше претходно соопштено поранешниот американски претседател Бил Клинтон ќе присуствува во Вашингтон на инаугурацијата на избраниот претседател Доналд Трамп, заедно со својата сопруга Хилари Клинтон, којашто како кандидатка на Демократската партија беше поразена на изборите на 8-ми ноември. Покрај двојката Клинтон, на церемонијата во Вашингтон ќе присуствува и 43-от американски претседател Џорџ В. Буш помладиот со сопругата Лора. Претходно своето присуство на церемонијата го потврди и 39-от претседател Џими Картер. Единствениот од уште живите американски претседатели, кој нема да присуствува на инаугурацијата на Трамп, ќе биде 41-от претседателот Џорџ В. Буш постариот, кој церемонијата ќе ја пропушти поради здравствени причини, откако заедно со сопругата Барбара беа хоспитализирани.
Во 11,30 часот (по локално време) започнуваат говорите на верските челници, а потоа свечената заклетва ќе ја положи потпретседателот Мајк Пенс.
Точно напладне, или 18 часот по средноевропско време, заклетвата ќе ја положи Доналд Трамп. Ќе го стори тоа со две Библии. Првата Библија му ја подарила неговата мајка во 1955 година, кога завршил основно училиште во Њујорк. Трамп раката ќе ја положи и на Библијата над која заклетвата ја положил 16-от претседател Абрахам Линколн во 1861 година. Оваа церемонија ќе се одвива пред претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс.
Потоа Трамп ќе го одржи инаугурацискиот говор, а свеченоста ќе заврши во 12,30 часот по локално време.
Според традицијата, Трамп и Пенс потоа ќе замината на ручек во Конгресот, а во 15 часот по локално време започнува парадата на Авенијата Пенсилванија од Капитол Хил до Белата куќа, во должина од околу 1,7 километри. Трамп и Пенс ќе ги следат околу 8.000 учесници на парадата, разни оркестри, мажоретки, претставници на сите родови на американската армија.
Од 19 до 23 часот, Трамп и Пенс придружувани од нивните сопруги ќе учествуваат на трите официјални балови по повод инаугурацијата.
Во саботата новиот претседател на САД и неговиот потпретседател од 10 до 11 часот, или од 16 до 17 часот по средноевропско време, ќе присуствуваат на меѓуконфесионалната молитва во националната катедрала во Вашингтон, со што службено ќе завршат инаугурациските свечености.
Церемонијата ќе се одржи во комплексот на Конгресот на Капитол Хил. Доналд Трамп ќе ја положи заклетвата на специјална платформа. Потоа 45-от претседател на САД ќе одржи говор во кој ќе ги изложи основните насоки на своите политики.
Според традицијата, инаугуративната платформа се прави „од нула“ за секоја ваква церемонија. Годинава таа ќе зафаќа површина од 929 квадратни метри, точно колку што беа и димензиите и на инаугурацијата на неговиот републикански претходни Џорџ В. Буш помладиот на 20-ти јануари 2005 година.
На неа ќе бидат сместени учесниците во церемонијата и повеќе од 1.600 гости, меѓу кои и претседателот на заминување Барак Обама со семејството, неговиот наследник на должноста Доналд Трамп со семејството, потпретседателот Џозеф Бајден и неговиот наследник МајклПенс, досегашни и новите членови на претседателската администрација (владата), членовите на двата дома на Конгресот, на Врховниот суд, поранешни претседатели на САД, членовите на Здружената команда, гувернерите на сојузните држави и претставници на дипломатскиот кор.
Посебна платформа, пак, ќе биде подигната за граѓаните. Сето тоа, според процените, ќе чини меѓу 175 и 200 милиони долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Софија предупредува: Блокадата на границите со Србија и Македонија носи критични економски загуби
Економските загуби за Бугарија и соседните земји ќе бидат критични поради блокадата на границите со Србија и Северна Македонија, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт и врски Гроздан Караџов за време на денешниот „Софски економски форум“.
„Ваквите блокади водат до многу сериозни последици не само за транспортот, туку и за целата економија што зависи од снабдувањето“, рече Караџов, цитиран од БНТ. Според него, постапките на превозниците од Западен Балкан ги кршат основните европски права за слободно движење на стоки.
И покрај сериозноста на ситуацијата, министерот за транспорт појасни дека Бугарија нема овластување сама да го реши проблемот. Тој ги упати превозниците кон европските институции, бидејќи спорот е поврзан со новите правила за влез во Шенген зоната, пренесува „Факти.бг“.
„Подобро е да седнеме и да разговараме со европските институции. Ниту владата во Бугарија, ниту која било друга земја-членка немаат никаква врска со оваа одлука“, додаде Гроздан Караџов. Тој ја повика Европската комисија што поскоро да почне преговори за да се најде компромис додека не се отворат границите.
Вицепремиерот изрази сериозна загриженост дека неговите обиди да иницира „прозорци“ за премин преку граничните премини Калотина и Гујешево може да бидат неуспешни.
Во моментов, загубите за превозниците се проценуваат на десетици илјади евра дневно, а ризикот од последователни потреси врз цените на основните производи останува висок.
Свет
Германија нуди 1 милион евра за информации за нападот врз електричната мрежа во Берлин
Германија нуди награда од 1 милион евра за информации што ќе доведат до апсење на осомничените екстремно левичарски милитанти чие палење претходно овој месец предизвика масовен прекин на електричната енергија во Берлин.
Полицијата трага по членови на „Vulkangruppe“ (Вулканска група), која ја презеде одговорноста за нападот, објави Euronews.
Нападот остави околу 45.000 домови и 2.200 бизниси во југозападниот дел на германската престолнина без електрична енергија речиси една недела во сред зима. Тоа беше најдолгиот прекин на електричната енергија во градот од крајот на Втората светска војна.
Крајно левичарската „Vulkangruppe“ ја презеде одговорноста за прекинот во неколку онлајн објави, велејќи дека нивната цел била да ја нападнат индустријата за фосилни горива, а не да предизвикаат прекин на електричната енергија.
Германскиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, вети решителен одговор при објавувањето на наградата.
„Нашите безбедносни агенции ќе бидат значително зајакнати во борбата против левичарскиот екстремизам“, изјави тој. „Верувам дека е соодветно да се нагласи сериозноста на ситуацијата со награда од ваков обем“.
Добриндт објави дека полицијата ќе започне јавна кампања за собирање информации и промоција на наградата, што вклучува делење летоци и лепење постери во берлинското метро.
фото/Depositphotos
Свет
Русија од почетокот на годината зазела над 500 квадрати километри од Украина, според началникот на Генералштабот
Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов, ги посетил единиците на истокот на Украина и изјавил дека Русија од почетокот на јануари зазела повеќе од 500 квадратни километри територија.
Во видеоснимка објавена од руското министерство за одбрана, Герасимов тврди дека руските сили напредуваат „на сите правци“.
Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека Герасимов ги посетил војниците кои се борат на истокот на Украина. Во објавата на Телеграм се наведува дека тој „извршил увид во напредокот на борбените задачи што ги спроведуваат формациите и единиците на борбената група Запад“. Министерството не прецизира кога и каде точно се случила посетата.
Герасимов во видеото изјавува дека руските сили „ја продолжуваат офанзивата на сите правци“.
Според него, од почетокот на годинава руската војска презела контрола врз 17 населени места и повеќе од 500 квадратни километри украинска територија. Тој тврди и дека руските сили напредуваат кон градот Запорожје.
Објавата за посетата на Герасимов доаѓа неколку дена по трилатералните преговори меѓу руските и украинските претставници, одржани во Обединетите Арапски Емирати со посредство на САД. Целта на преговорите е да се стави крај на војната што трае речиси четири години. Наредната рунда преговори, според најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се очекува на 1 февруари.

