Контакт

Политика

Ѓорчев: Правдата ќе го стигне Заев, порано или подоцна

Објавено пред

СЈО наместо орган кој што гони криминал се промовираше себеси во партиски орган на СДСМ и СОРОС, чија што основна задача е да го штити криминалот на Зоран Заев и злосторничкото здружение формирано околу него.

dobivaj vesti na viber

Ова во петок на прес конференција го изјави Влатко Ѓорчев, кој соопшти дека ИК на ВМРО-ДПМНЕ расправал за последната одлука на СЈО.

„Оваа одлука претставува и еден вид на преседан, бидејќи експертската јавност не памети во правната пракса во Република Македонија, некој Јавен обвинител да се откаже од застапување на обвинението во оваа фаза на постапката, кога обвинителниот акт е правосилен и потврден од совет на судии. Со партиската одлука на Катица Јанева се дерогира и претходната судска пресуда изречена по признание на еден од членовите на злосторничкото здружение на Заев и Верушевски“, рече Ѓорчев.

Тој најави дека правдата ќе го стигне Заев, порано или подоцна.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да работат согласно Уставот и законите и да не дозволат сторениот криминал да минува неказнето. Зоран Заев не е, ниту смее да биде привилегиран и над останатите граѓани“, порача Ѓорчев. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Без дозвола реконструиран, со употреба на несоодветни материјали: дискотеката во Кочани не ги исполнувала ниту минималните услови за угостителска дејност

Вчера се приведени 13 лица инволвирани во трагедијата во Кочани, потсети денеска на прес-конференција јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Тој извести...

Економија1 час

Укинувањето на царините за стоките од САД не е само трговска одлука, туку и дипломатски чекор, вели Стојанова

Со новите измени и дополнувања на законот за царински тарифи Собранието ќе даде зелено светло на планот на Владата да...

Македонија2 часа

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

На Клиниката за ортопедски болести успешно се изведени две сложени трансплантации на коска од починати донори, со што продолжува примената...

Регион3 часа

ГЕРБ: Властите во Скопјe треба да ја запрат репресијата врз Бугарите во РСМ

Пратеничката група на ГЕРБ изрази несогласување со пресудата на Основниот суд во Битола против Љубчо Георгиевски. Од собраниската говорница утрово,...

Македонија3 часа

Оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ

Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера...

Македонија3 часа

МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од какви било патувања во Израел и во Иран

Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет4 часа

Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има

Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како...

Свет5 часа

Пристигнуваат реакции од целиот свет по израелскиот напад врз Иран

Израел започна напади врз Иран во петокот, насочени кон нуклеарни постројки, фабрики за ракети и воени команданти, а иранските медиуми...

Свет6 часа

(Видео) Израел нападна воени згради во Техеран, објавени снимки

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети...

Свет6 часа

Кого убија Израелците во нападот врз Иран? Воени шефови, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници беа убиени во израелската операција „Rising Lion“, чија...

Свет6 часа

Трамп: Однапред знаевме за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но...

Свет7 часа

Убиен висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер...

Свет7 часа

Иранскиот ајатолах: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Полуофицијалната новинска агенција Тасним на Иран објави соопштение кое му се припишува на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи....

Свет7 часа

(Видео/фото) Техеран по израелскиот напад

Фотографии од запалена зграда во Техеран беа објавени на Телеграм каналот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Ирански медиуми:...

Свет7 часа

Иранската војска им порача на Америка и на Израел: „Ќе платите“

Портпаролот на иранските вооружени сили изјави дека САД и Израел ќе платат „висока цена“ за нападите, објави Ројтерс. „Вооружените сили...

Свет7 часа

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад,...

Свет7 часа

(Видео) Нетанјаху: Удривме во сржта на иранската програма за нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека тие нападнале нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи уште неколку...

Свет7 часа

Марко Рубио до Иран: Да бидам јасен – не таргетирајте ги нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите

Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран. Нападот се случува во време...

Македонија15 часа

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на...

Свет18 часа

(Видео) Објавени се нови снимки од падот на Боингот во Индија

Авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот...