Контакт

Вести

Сенатската комисија ја прифати Нимрата Ники Хејли за амбасадорка на САД во ОН

Објавено пред

Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат со големо мнозинство во вторникот прифати гувернерката на сојузната држава Јужна Каролина, Нимрата Никки Рандхава Хејли да биде амбасадорка во Обединетите нации на предлог на новиот амбасадор Доналд Трамп, а треба лесно да биде потврдена на заседание во Сенатот каде што републиканците имаат мнозинство.

dobivaj vesti na viber

Републиканката, 45-годишната Нимрата Никки Рандхава Хејли е прифатена со надгласување, а само два члена од сенатската Комисија за надворешни работи, и двајцата од Демократската партија, беа против неа, наведувајќи загриженост од нејзиниот недостиг од искуство во надворешната политика и во меѓународните односи.

Хејли, којашто е родена во САД а потекнува од семејство на татко доктор од заедницата Сики коешто имигрирало од индиската сојузна држава Пенџаб, е дел од генерацијата во подем на републиканските челници. Таа е гувернерка од 2011 година на државата Јужна Каролина која се смета за многу конзервативна.

Таа умерено го критикуваше Доналд Трамп во текот на кампањата за републиканската номинација кога го поддржуваше неговиот противник Марк Рубио. Никогаш притоа не ги урна мостовите и кога Трамп набрзо на ја избра за местото во ОН. Хејли е една од четирите жени од 21 член на владината екипа којашто ја избра новиот американски претседател.

Гласањето за потврдувањето на именувањето на Хејли на заседавањето на целиот Сенат треба да се одржи подоцна во вторникот по локално време, според изјави на сенатските службеници./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија и еден од Италија

Шест пациенти денеска се враќаат од странство, пет од Србија (тројца од КБЦ Ниш и двајца од ВМА Белград) и...

Свет7 часа

Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера на средства од ЕУ фондови

Францускиот суд донесе пресуда против лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир (РН), прогласувајќи ја...

Македонија9 часа

Одземени 250 килограми грицки и оризови барови со поминат рок, казнет нелегалниот продавач

По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра

Триото Трендафилов, Деановски и Пешевски, заедно имаат месечни примања околу 5.000 евра, или над 3 милиони денари годишно, немаат претстава...

Свет10 часа

Неколку згради во Бангкок се евакуирани како мерка на претпазливост поради последиците од земјотресот

Неколку згради во Бангкок се евакуирани поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавиле во зградите, објави Бангкок пост....

Македонија10 часа

Охрид СОС алармира за изградба на хотел во Горица

Во извештајот на Реактивната мониторинг мисија (РММ) на УНЕСКО која престојуваше во Охрид минатиот март стои: „Додека мисијата се приближуваше...

Свет10 часа

Трамп: Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, ќе има проблеми ако го направи тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да се повлече од договорот за минерали, пренесоа американските...

Свет11 часа

Жена спасена по 60 часа под урнатините, најмалку 1.700 загинати во земјотресот во Мјанмар

Три дена по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар, властите проценуваат дека загинале најмалку 1.700 луѓе. Спасувачките тимови се обидуваат...

Македонија1 ден

Христијан Стојанов е уште едно младо момче што влезе во „Пулс“ за да спасува луѓе: „Обезбедувањето ни помогна многу“

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот...

Македонија1 ден

Подобрена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат во Солун, од интензивна нега преместени се на пластика

Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16...

Македонија1 ден

Oсмани и Адеми во посета на семејството на Бектеши за Бајрам: „Неправедно е обвинет, ја имате нашата поддршка“

Поранешниот министер за здравство Бујар Османи и портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, за Рамазан Бајрам го посетија семејството на ексминистерот...

Македонија1 ден

„Не пројдоа ни 40 дена од трагедијата“ – Мицкоски смета дека е рано да се размислува за градоначалник на Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека...

Македонија1 ден

Планинарката Ивона која загина во пожарот е ќерка на единствената пожарникарка во Кочани, колегите тагуваат

Дваесет и едногодишната Ивона Антова – планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, е ќерка на единствената жена пожарникар...

Македонија1 ден

Прво сведоштво на Костадинов за пожарот: Се измокрив со црево и влегов низ прозорецот кај билетите, ги вадевме луѓето еден по еден

Со маса го скршив прозорецот и со цревото прскавме вода внатре. Вака 19 годишниот Јован Костадинов кој спаси 21 живот...

Македонија2 дена

Попладнево пороен дожд, грмежи и ветер, најавија метеоролозите

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава...

Топ2 дена

Деца од Битола принудувале врснички сексуално да ги задоволуваат, имале компромитирачки материјали

Деца од Битола принудувале врснички полово да ги задоволуваат, заканувајќи им се со компромитирачки материјали кои ги поседувале. Случајот во...

Спорт2 дена

(Видео) Кочани, Кочани… емоции на првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата

Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“. Мечот се одигра помеѓу тимот на...

Македонија2 дена

Влошена е состојбата кај двајца критични пациенти кои се лекуваат по пожарот, информира Таравари

Влошена е состојбата кај двајца пациенти кои се лекуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Вкупно четворица се во...

Македонија2 дена

(Видео) Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред...

Македонија2 дена

Случајот со Фросина Кулакова не’ собра, а причина е системот, велат од „Кој е следен“ по обвинувањата дека ја злоупотребиле трагедијата

Точно е дека движењето „Кој е следен?“ настана по сообраќајната несреќа на Партизанска кога загина Фросина Кулакова. Тоа не’ собра...