Македонија
Иванов: Загрозена стабилноста на Балканот поради отсуството на ЕУ и НАТО
Балканот се наоѓа во состојба многу слична на онаа пред распадот на една заедничка поранешна држава (Југославија), со заострена реторика и отсуство на ЕУ и НАТО, состојба што може да доведе до загрозување на стабилноста, забележа претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во обраќањето на приемот за членовите на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Македонија, кој се одржа во петок во Струга.
„Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на Европската Унија и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот. Во последниов период слушаме реторика и гледаме постапки кои по многу нешта потсетуваат на периодот што мислевме дека е далеку зад нас – периодот на распадот на една заедничка поранешна држава. Долго време не ги коментирав изјавите и постапките на некои политичари од соседството затоа што верував дека само со игнорирање можат да се изолираат“, рече претседателот на Република Македонија.
Во говорот пред амбасадорите претседателот Иванов ги истакна придобивките на македонскиот инклузивен демократски модел и додаде дека Република Македонија не се срами и не се обидува да ја потиснува својата мултиетничка, мултирелигиска и мултијазична традиција, туку напротив истата ја институционализираше.
„Наместо енергијата да ја трошат занимавајќи се со слабостите на другите држави, некои лидери од соседството е подобро најпрво да се свртат кон слабостите на сопствените држави. Граѓаните ги избрале за да ги решаваат нивните, а не проблемите и предизвиците на другите држави“, порача Претседателот.
Иванов не ја коментираше политичката криза, само изрази очекување дека политичките партии во постизборните преговори ќе водат сметка за државните интереси на Република Македонија и за националните интереси на македонскиот народ.
„Нема да ве потсетувам дека статус кво состојбата во европската и во евроатлантската интеграција е дел од проблемот, а не од решението на политичката криза во Македонија“, порача Претседателот пред амбасадорите.
Иванов се осврна на мигрантската криза и злоупотребата на масовната миграција, и посочи на два клучни предизвика – да се обезбеди контрола на коридорите преку кои се префрлаат мигрантите и да се обезбеди контрола врз слободното движење на мигрантите кои веќе се наоѓаат на Шенген-територија.
Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, претседателот Иванов и членовите на дипломатскиот кор во сабота ќе ја посетат општина Вевчани, црквата „Св. Никола“ и Вевчанските извори./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

