Забава
Возач на 97 години се заби во излог, ги помешал педалите
Возач на 97 годишна возраст, се заби во излог на продавница во Австрија, откако ги помешал педалите, па место кочница нагазил на гас.
Несреќата се случила во градот Мистелбах, на 30-тина километри од Виена.
Околу пладне, старецот се обидувал да го паркира својот зелен „Citroen“ на едно од неколкуте празни паркинг-места пред продавницата за мебел.
Но, место да се паркира, преку тротоарот се забил во излогот на продавницата.
На тротоарот е полно искршено стакло, а внатре во продавницата е вистински хаос.
Според полицијата тој ги помешал педалите за гас и кочница.
Сепак, возачот и неговиот сопатник не се повредени. Времено му е одземена возачката.
Не е наведено со која казна се соочува возачот и дали ќе треба да плати за штетата во продавницата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Најсексипилната русокоса освојува со својот „див“ имиџ
Американската ѕвезда Сидни Свини, една од најсексипилните жени и најпопуларните актерки на денешницата, мамеше воздишки на доделувањето на наградите „Мажи на годината“ организирани од познатото списание GQ.
Провокативните изданија се нејзино второ име и кога ќе помислиме дека веќе ги покажала сите свои адути, успева да изненади – уште попровокативно.

По промената на имиџот и фризурата што совршено ѝ одговара, таа се одлучи за елегантен црн фустан што допира до подот, со длабоко деколте и дебели прерамки.
Навидум едноставното издание е всушност многу ефективно и привлечно, бидејќи Сидни го нагласува својот најголем адут – градите, но не заборава да се пофали со своите облини и совршена фигура.

Со оваа непогрешлива креација, таа не носеше никаков накит, освен ѓерданот од чокер, кој полека, но сигурно се враќа на модната сцена, но она што направи голем „бум“ на настанот беше нејзината фризура – разбушавениот страничен дел со малку посилна шминка ја покажа „другата страна“ на познатата актерка што беше полн погодок!
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Мајката и ќерката ги воодушевија луѓето со своите „жешки“ фустани
Познатата германска манекенка Хајди Клум се појави на црвениот тепих во Берлин на доделувањето на наградите „Жена на годината“, заедно со нејзината ќерка Лени, која долго време ги следи нејзините стапки и веќе е препознатливо име во светот на моделингот.
Нивното појавување доаѓа по кампањата за долна облека каде што мајката и ќерката добија многу критики.

Познатата Хајди позираше во краток фустан со тигрест принт украсен со мали циркони, додека Лени избра малку попровокативно издание.
Црниот проѕирен фустан, под кој носеше боди, беше нејзин избор, а на сè додаде драматична вечерна шминка, па се чини дека Лени сакаше и овој пат да предизвика поделени мислења кај публиката.

И мајката и ќерката веќе беа мета на коментари кога станува збор за кампањите за долна облека, па многумина ја сметаа нивната заедничка фотосесија за несоодветна, но ги игнорираа коментарите.
„Во нашето семејство, секогаш се градеше самодоверба кога станува збор за телото, а голотијата никогаш не е нужно сексуализирана“, рече Хајди тогаш.

фото: принтскрин
Забава
(Фото) Најубавата кралица повторно го има модното парче на сезоната
Кралицата Летиција од Шпанија и нејзиниот сопруг, кралот Фелипе, имаа официјална посета на Кина која привлече големо внимание од модните портали, секако поради изгледот на прекрасната кралица, кој се чини дека никогаш нема да престане да воодушевува.
И додека сме навикнати да ја гледаме во совршени фустани, елегантни костуми и гламурозни комбинации, сега таа покажа и како може да изгледа во најдобрата зимска комбинација. Главна ѕвезда овој пат беше капутот.

Кралицата се одлучи за сив капут со цветен дезен, а според Harper’s Bazaar, станува збор за креација од нејзиниот омилен бренд Carolina Herrera, чија цена е 5.990 долари и е веќе распродаден.

Станува збор за модел во А-крој со нагласени рамена, но и ремен што го нагласува струкот. Летиција сè надополни со едноставни ниски потпетици во нежно розова боја. Патем, кралицата веќе некое време не се откажува од пониските потпетици, па покрај тоа што се удобни, тие се покажаа и како совршено решение за дополнителна елеганција.

Многумина се согласија дека ова е најубавиот капут на сезоната, и не е изненадувачки што го има кралицата Летиција, која долго време е позната како некој што поставува нови модни трендови.
фото: принтскрин

