Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Интересите на „соросоидите“ се во конфликт со државните

Интересите на СДСМ/Сорос се спротивни од интересите на Република Македонија и македонскиот народ, тврди политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во денешното соопштение.
„СДСМ/Сорос го одбраа патот посочен од нивниот спонзор, се ставија во негова одбрана и започнаа со навреди и омаловажувања кон американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација. За скапо платените соросоиди не е проблем по наредба да влезат во конфликт со кого било водејќи се од лични интереси и желбата да продолжат да легнуваат на нивните сметки платите повисоки од 3.000 евра. За такви суми, воопшто не им е проблем да организираат насилства и демонстрации во кои жртви се полициските службеници, а штетите тешки милиони евра ги плаќаат македонските граѓани“, се вели во соопштението.
Ветуваат дека Владата на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во наредните четири години ќе работи во тесна комуникација и ќе соработува со новата администрација на Трамп, за остварувањето на стратешките цели на државата. „Наш приоритет и цел останува членството во НАТО и во Европската Унија при што важна е соработката со нашите партнери САД и Европа“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Филипче: Граѓаните се жртви на неспособноста на Мицкоски, народот брои денови до плата

„Граѓаните пред 4 години поверуваа во лажниот маркетинг за подобар живот. Очекуваа подобар живот, а добија влада што живее во луксуз и во лажен маркетинг, далеку од народот. “, рече вечерва од Чучер Сандево претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Тој на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ рече дека наместо граѓаните да имаат повисоки плати и повеќе удобности тие бројат денови до следната плата.
„Пензионерите ги излажаа со формули и ветувања, работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без поддршка. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Секој ден е потежок од претходниот. И додека народот брои денови до следната плата, тие се расфрлаат со државни пари, летаат со приватни авиони и купуваат вина по институции. Ова не е визија, ова е небрежност и неодговорност“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ пред граѓаните зборуваше и за т.н економски „успеси“ на власта кои според него, граѓаните во реалноста ниту ги гледаат, ниту ги чувствуваат. Но се осврна и на економската состојба за која рече дека е сериозно загрижувачка.
„Го слушате премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за некакви си економски „успеси“, мислејќи дека граѓаните не ја чувствуваат и не ја гледаат реалноста. Буџетот на државата е загрижувачки, приходите се реализирани само 70,78% од планираното, а расходите веќе достигнаа 72,82%. Ова значи дека до крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра, што значи повторно задолжување, нови оптоварувања за граѓаните или кратење на јавни услуги. Капиталните инвестиции се историско најниска реализација од и ова ќе биде повторно изгубена година за проекти кои требаше да создаваат работни места и економски раст. Јавниот загрижувачки долг расте, веќе достигна 62,9% од БДП, и во последните 14 месеци државата се задолжи за над 1,86 милијарди евра. А меѓу овие задолжувања се и 950 милиони евра коишто треба да се земат“, истакна Филипче.
За него, реалноста на граѓаните е безидејна, благодарение, како што додаде, на неспособноста на Мицкоски и неговата влада.
„По тоа и ќе остане запаметен неговиот мандат, по заеми, високи цени, ниски плати, пензии и студентски оброк. Владата се фали со бројки и ПР, но реалниот живот за семејствата и бизнисите е поинаков“, рече Филипче во Чучер Сандево.
Филипче на трибината рече дека пензионерите се најголемата жртва на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и земјоделците, лозарите, работниците.
„Предизборно ја направија најголемата измама. Ќе растеле платите, пензиите, ќе го врателе името, ќе репреговарале за подобри позиции во Преговарачката рамка. Ветија гордост и достоинственост, а донесоа беда, сиромаштија и ја вратија режимската матрица. Пензионерите се најголема жртва на ВМРО-ДПМНЕ. И тие како и работниците, земјоделците, лозарите се измамени. Овој месец на сметките им легна покачување од само 1000 денари, што значи дека дури 90% од сите пензионери не добија 2000 кои што требаше да ги добијат со нашиот систем на пресметка. Е тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија на манипулатори и ПР трикови. Земјоделците ги оставија без навремени субвенции, ги скратија субвенциите, каснат со исплати, откупните цени се ниски. Фирмите чекаат поврат на ДДВ, пари кои државата мора да им ги врати. Ова не е грижа за народот. Ова е приватизација на државата“, рече Филипче.