Општество
Обезбедено сместување и парична помош за тешко болниот Костадин Костовски
Откако медиумите ја обелоденија тешката состојба на семејството Костовски од скопската општина Ѓорче Петров, во кое 22-годишниот син се грижи за тешко болниот татко, во нечовечки услови за живот, во недела, ги посети министерот за труд и социјална политика и вети парична помош и сместување на таткото во Геронтолошки центар.
Министерството за труд и социјална политика уште од самиот почеток по објавувањето на сторијата во медиумите испрати тим на Центарот за социјална работа од Карпош, соопштија од министерството.
Имено, 22-годишниот Дејан секојдневно води битка за себе и за неговиот неподвижен татко кој претрпел четири мозочни удари, а состојбата дополнително му се влошила откако го скршил и колкот. Костадин има потреба од 24-часовна нега од надлежна институција. Тој е корисник на инвалидска пензија што во моментов е недоволна за да ги покрие сите нивни трошоци. Целокупната грижа околу Костадин засега е на товар на неговиот син Дејан кој, пак, заради тоа не може да работи.
Министерот Ибрахими при посетата поразговара со Дејан и договорија конкретни чекори со цел да му се помогне.
„Екипи од ЦСР Карпош веднаш беа на лице место и сакавме на тивок начин без медиумска помпа да го решиме проблемот бидејќи најважно ни беше да му помогнеме на семејството Костовски. Сепак поради медиумското значење коешто го доби случајов одлучивме, еве вака и јас лично, како министер за труд и социјална политика да го посетам семејството и да ја информираме јавноста што преземаме. Имено, во моментов вложуваме напори татко му на Дејан да биде сместен во Геронтолошкиот завод и ние како Министерство ќе им доделиме еднократна парична помош во висина од 20.000 денари што ќе биде доволно да ги покриеме трошоците за првиот месец за неговиот престој, како и за вториот и третиот месец до моментот додека не бидат поднесени документите и обезбеден надоместокот за помош и нега од трето лице со што заедно со пензијата во целост ќе се покријат трошоците за престој во установата. Ние и натаму ќе бидеме во контакт со семејството и ќе ја следиме ситуацијата во наредниот период и доколку се укаже потреба ќе реагираме”, изјави министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими по денешната посета на семејството Костовски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

