Вести
Најмалку 14 џихадисти и американски војник загинаа во првата операција во Јемен одобрена од Трамп
Американските специјални сили во операцијата во Јемен ликвидираа најмалку 14 борци на организацијата Ал Када и запленија важни информации и притоа загина еден американски војник, изјави во неделата американскиот претседател Доналд Трамп во врска со првата воена операција одобрена од неговата администрација, додека јеменскиве власти јавуваат за 41 убиен припадник на Ал Каеда.
„Во текот на успешно спроведената специјална операција врз штаб на Ал Каеда на Арапскиот полуостров (AQIP) храбрите американски војници неутрализираа околу 14 милитанти и дојдоа во посед на важни разузнавачки информации, коишто ќе им помогнат на САД за спречување на терористички напади против своите гаѓани и луѓето во целиот свет“, се наведува во соопштението на американскиот претседател ДоналдТрамп.
Трмп притоа изразува сочувство до „семејството загинатиот војник“ и пожелува брзо закрепнување на ранетите во операцијата. Според соопштението, загинатиот војник бил ранет и им подлегнал на повредите
Нападот бил изведен во мугрите по локално време во Јакла, во централен Јемен,со беспилотни летала и борбени хеликоптери, а бил насочен на засолниште на Ал Каеда, изјавил за AFP неименуван јеменски функционер..
Додал дека најмалку 41 припадни на Ал Каеда е убиен во американскиот напад, меѓу кои и команданти на џихадистите, но исто така и осум жени и осум деца.
Според јеменскиот функционер, американскиот напад бил насочен на засолништа на Ал Каеда кои биле воспоставени во едно училиште, џамија и амбуланта, а меѓу убиените и е еден од командантите на Ал Каеда во Јемен, познат како Абу Барзани, кој е странски државјанин,.
Во соопштението на американската воена команда за Блискиот исток (CENTCOM). не се споменуваат цивили, како ни бројката убиени цивили, туку се истакнува дека собраните информации ќе овозможат увид во плановите за идните терористички напади.
Од CENTCOM прецизираат дека при грубото атерирање на воениот хеликоптер кој учествувал во операцијата се ранети и други американски војници./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.