Скопје
Прва „Кинестетичка училница“ во ООУ „Братство“ во Карпош
За првпат во Република Македонија, на територијата на Општина Карпош, се спроведува проектот „Кинестетичка училница“.
Во ООУ „Братство“, инструкторот од НР Кина, професорот Марко Секуловски, пред присутните наставници по физичко воспитание, одделенски и предметни наставници го презентираше овој проект , кој масовно се користи во НР Кина и во други земји на азискиот континент.
Станува збор за физичка активност која се применува на самите часови кои ги одржуваат предметните и одделенските наставници, сè со цел да се подобри психо-физичкиот развој и фокусот на самите ученици.
„Бројните истражувања покажаа дека долгото време поминато во седење за време на училишниот ден и се поголемото влијание на техниката во наставно- научниот процес има негативни импликации и се манифестира со намален фокус, и намалена концентрација на учениците, што резултира со нивно бавно совладување на учебниот предвиден материјал. Токму оваа активност, која особено се применува во НР Кина, даде одлични резултати во подобрувањето на интересот и мотивацијата на учениците, и полесно совладување на наставната материја“, нагласи предавачот Марко Секуловски.
Користењето на најразличните физички активности во рамките на училишниот простор ( училна) се наменети за постигнување на следниве цели: подготвување ( загревање) на мозокот преку користење на одредени движења со цел подобрување на комуникајата на двете хемисфери на мозокот; имплементирање на кратки паузи ( Brain Breaks), со цел да се обезбеди одмор за мозокот и консолидирање на информациите; промовирање на физичката активност и подигнување на свеста на нејзините бенефити и позитивното влијание врз психо- физичкиот статус на човекот; подобрување на единството во одделението со цел создавање на оптимални услови за учење на нови информации; повторување на одредена тема преку движење со цел поефикасно и побрзо задржување на информацијата.
Овој проект, инициран од Креативниот Центар – Карпош, и Општинскиот сојуз за училишен спорт на Општина Карпош, освен во ООУ ,, Братство“ ќе се спроведе, и во останатите девет основни училишта на територијата на локалната самоуправа, како прв визионерски и напреден модел за подобрување на целокупниот развој и просперитет на науката и наставата во основното образование. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

