Македонија
СДСМ: Иванов и Глигоров не постапија исто со доделување на мандатот
Од СДСМ тврдат дека Претседателот Ѓорге Иванов, со тоа што бара гаранција за обезбедени 61 потпис од пратениците, за да го даде мандатот на друг, откако мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави влада, не е исто со она што го направил Претседателот Киро Глигоров во 1992 година.
„Во прилог е соопштението од Кабинетот на претседателот Киро Глигоров од 14.07.1992 година. Тоа покажува дека претседателот Глигоров го доделил мандатот на второпласираната партија на тогашните избори, без да бара да му бидат приложени потписи од 61 пратеник и да поставува услови за програма, како што тоа го направи Иванов со барањето до претседателот Заев. Единствено што побарал тогаш претседателот Глигоров од второпласираната партија на изборите е, цитираме, „да посочат кандидат кого Претседателот на Републиката би го определил за мандатор за состав на Владата на Република Македонија“, стои во сооппштението од партијата.
Од таму појаснуваат дека Ѓорге Иванов го додели мандатот на Никола Груевски без да му бара потпис од 61 пратеник и да поставува услови за програмата и оттука нема право тоа да го бара од претседателот Заев.
Сметаат дека ова е недозволиво кршење на Уставот од страна на Ѓорге Иванов, за што се одговара според Уставот и според Кривичниот законик./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

