Македонија
Нема нови случаи на птичји грип во Македонија
Состојбата во струшкото село Мороиште со птичјиот грип откиен кај живината е мирна и будно се следи, а до овој момент, сите земени брисеви за утврдување птичји грип се негативни, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
Се врши мониторинг во Мороишта и околните села во радиус од три километри, а за овие пет дена вирусот не е проширен, но не може да се каже дека е исклучено болеста да се појави на друго место зашто се шири и преку дивите птици.
„Во акцијата за сузбивање на птичјиот грип детектиран на 27 јануари, за пет дена се нештетно уништени вкупно 1.950 единки живина, кокошки, гулаби, гуски,…кои потоа беа однесени на депонијата во Струга. Уништувањето се вршеше согласно европските стандарди, а го спроведоа 56 лица во тимови од по тројца, ветеринари и експерти од ветеринарните друштва. Вклучени беа и екипи на МВР, Центарот за управување со кризи и локалната самоуправа“, рече Поповски на прес-конференција.
Процедурата за обештетување на производителите ќе почне веднаш штом бидат доставени барањата за угинатата живина до Агенцијата за храна.
Според професорот од Факултетот за ветеринарна медицина Александар Додовски, во Македонија се спроведува активен и пасивен мониторинг кој покажа дека нема индиции за други угинати птици и живина.
„Досега целосна категоризација на вирусот на птичјиот грип HPN8 е направена во примарното жариште, во одгледувалиштето во Мороишта каде првпат беше детектиран, но дополнително се земени мостри и од околните фарми каде што е откриен вирус инфлуенца А. Во тек се лабораториските анализи со кои треба да се утврди дали станува збор за HPN8 или друг сој“, објасни професорот.
Директорот на АХВ Поповски апелира доколку некој забележи појава на птичји грип, да го пријави случајот и да соработува со службите зашто болеста е опасна./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

