Црна хроника
Пријава за повредувaњето на малолетникот во Буково
СВР Охрид, во соработка со Јавен обвинител, ги презеде сите неопходни мерки за реализација на казненото дело „предизвикување општа опасност“, што во четвртокот беше пријавено во охридската полициска станица. Во таа насока, истиот ден полициски екипи на СВР Охрид во присуство на Јавен обвинител извршија увид на депонијата „Буково“ каде според добиените информации, малолетно лице било тешко повредено.
По увидот, а по добиена наредба за претрес од судија на претходна постапка, СВР Охрид изврши претрес во домот на С.Ѓ. (40) од охридското село Велгошти како можен сторител на казненото дело „предизвикување општа опасност“.
Од преземените оперативни мерки, констатирано е дека на втори овој месец околу 13,00 часот, на депонија „Буково“,С.Ѓ. вработен во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, како чувар на депонијата, при сечење на буково дрво со дијаметар од 17 сантиметри и должина од 14,5 метри, повредил малолетно лице родено 2005 година од Битола.
Според сознанијата на полициските службеници, малолетникот заедно со неговиот татко, престојувале во шатор на депонијата „Буково“ каде С.Ѓ. вршел сеча на дрва. Притоа, дрвото кое тој во моментот го сечел со моторна пила, паднало врз шаторот и го удрило малолетното лице во пределот на главата, од што малолетникот се здобил со фрактура на глава. Тој, веднаш со возило на Брза медицинска помош од Ресен бил пренесен во болницата во Битола но поради сериозноста на повредите и животно загрозувачка состојба, малолетникот е префрлен во Клинички центар Скопје.
По целосно завршување на активностите поврзани со казненото дело, СВР Охрид против С.Ѓ. ќе поднесе соодветна кривична пријава. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач од Струга, управувал возило под дејство на алкохол
На 13.01.2026 во 01:16 часот на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината, по што тој изготвил решенија за десет лица, на кои средствата им биле исплатени во 2024 година и на тој начин го оштетиле буџетот на општината за сума од 204.283 денари.
Црна хроника
Расчистена кражба во Велес, уапсени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот
Синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес.
А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

