Свет
Стејт департментот го дозволува за лицата со уредни визи влезот во САД
Американскиот Стејт департмент ќе им дозволи на лицата со уредни визи да влезат на територијата на САД, во согласност со одлуката на федералниот судија во Сиетл со којашто се попречува привремено спроведувањето на указот на претседателот Доналд Трамп за ограничување на имиграцијата поради заштита од тероризам кое се однесуваше на државјани на седум доминатно муслимански земји, соопштија во саботата претставници на администрацијата.
„Министерството за правосудство нé информираше (Стејт департментот) за решението на федералниот суд на државата Вашингтон, кој ѝ наложува на федералната влада да го запре спроведувањето на одредените одредби од извршниот указ 13769 (што го потпиша претседателот Доналд Трмап на 27-ми јануари), вклучително и оние кои се однесуваат на визите. На лицата со визи кои не се физички поништени сега може да патуваат (во САД) доколку визата е валидна“, се наведува во интерпретацијата на соопштението кое неименуван извор од американската дипломатија го цитирал за агенциите.
Додал дека на новинарите ќе им бидат доставени подетални информации за ова прашање, веднаш штом ќе се појават. Од Стејт департментот не одговориле кои би биле следните чекори во врска со споменатата судска одлука, на прашањето на агенцијата ТАСС.
Во согласност со истата одлука на федералниот судија, министерството за внатрешна/татковинска безбедност повеќе нема да ги означува патниците од земјите кои се најдоа на удар на извршниот указ на претседателот, соопшти портпаролката на министерството, пренесува телевизиската мрежа ABC News.
Министерството за правосудство потврдило дека има намера во најкус можен рок да ја суспендира споменатата одлука на федералниот судија.
„Министерството за правосудство има намера во најкус можен рок да ја суспендира оваа нечуена одлука и да ја одбрани извршната уредба на претседателот, којашто, веруваме е законска и соодветна“, изјави за Reuters портпаролката на министерството Џилиен Кристенсен.
Претходно во петокот федералниот судија во Сиетл, Џејмс Робарт донесе одлука за привремена забрана за спроведување на указот на претседателот Трамп. Привременото ограничување се однесува на претседателскиот извршен указ според кој во рок од 90 дена се суспендира влегувањето на територијата на САД на државјаните од седумте земји со претежно муслиманско население, иако во указот зборот ислам не се споменува. Овој судски налог важи за целата земја.
Судијата Робарт ја разгледуваше тужбата поднесена со цел да се укинат одредбите од указот на претседателот Трамп за заострување на контролата на имиграцијата, кој пред федералниот суд во Сиетл претходно ја поднесе главниот обвинител на државата Вашингтон. Како што истакна обвинителот Боб Фергусон, неговата цел е судот да ги поништи мерките како неуставни. На тужбата се приклучија и властите на државата Минесота. Привремената забрана за спроведување на указот донесена од судијата Робарт ќе биде активна, додека тужбата ќе ја разгледува судот.
Одлуката на судијата Џејмс Робарт кого го именуваше републиканскиот поранешен претседател Џорџ В. Буш помладиот, привремено ја блокира привремената забрана жителите на Ирак, Иран, Либија, Судан, Сирија, Сомалија и Јемен да патуваат во САД.
Жалбата се темелеше на тврдењата дека одлуката ѝ штетела на таа сојузна држава, наведувајќи дека студенти и професори не можат да допатуваат. Жалбата ја поддржаа и компаниите „Amazon“ и „Expedia“, американски компании чие седиште е во оваа држава, кои тврдат дека уредбата им штетела на нивното работење.
Робарт, исто така, наведе дека ниеден од државјаните од споменатите земји не извел терористички напад на американска територија. „За да одлуката на претседателот биде уставна, таа мора да се темели на фати, а не на фикција“, реле судијата во саботата.,
Трамп, пак, ја исмеа одлуката на судијата Робарт и порача дека ќе ја поништи. „Мислењето на таканaречениот судија коешто во суштина ѝ го одзема на нашата држава спроведувањето на законот е смешно и ќе биде поништено“, објави претседателот на Twitter.
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер ја нарече пресудата „срамотна“. Набрзо Белата куќа издаден ново соопштение од кое беше отстранета ова оцена./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Десетина демократи ќе го бојкотираат говорот на Трамп за состојбата на нацијата
Група демократски сенатори и пратеници најавија дека нема да присуствуваат на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп за состојбата на нацијата, туку ќе организираат собир на отворено како протест против неговата политика.
Настанот под наслов „Народен говор за состојбата на нацијата“ ќе се одржи во близина на Капитол, непосредно пред обраќањето на Трамп. Меѓу најавените учесници се сенаторите Џеф Меркли, Крис Марфи и Крис Ван Холeн, како и неколку пратеници од Претставничкиот дом.
Од Белата куќа реагираа дека не е изненадување што демократите одбиваат да ги поддржат политиките на републиканците, вклучително и иницијативите за даноци и депортација на имигранти.
Демократите тврдат дека Трамп го користи говорот како политичка платформа наместо како момент за обединување на нацијата. Дел од нив ќе присуствуваат во Конгресот, но планираат да изразат незадоволство на други начини.
Годишниот говор за состојбата на нацијата првпат го одржал Џорџ Вашингтон во 1790 година, а со текот на времето се претворил во значаен политички настан.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Свет
Белгискиот министер ги предупреди европските лидери поради изјавите за нуклеарното оружје: „Држете го јазикот за заби“
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен ги критикуваше европските лидери поради, како што наведе, премногу отворените изјави за нуклеарното оружје.
„Кога станува збор за нуклеарното одвраќање, навистина не разбирам зошто европските лидери се толку брборливи. Тоа не е мудро. Ве молам, држете го јазикот за заби“, порача Франкен на платформата „Икс“, реагирајќи на интервју на германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе „Политико“.
Во интервјуто, Мерц ја исклучи можноста Германија да развие сопствено нуклеарно одвраќање, но рече дека германските борбени авиони потенцијално би можеле да носат француско и британско нуклеарно оружје. Германија и Белгија се дел од американската програма „нуклеар шеринг“, во рамки на која нивните воздухопловни сили можат да носат американски нуклеарни бомби.
Изјавите на Мерц и Франкен доаѓаат во момент кога се интензивира дебатата за европското нуклеарно одвраќање во пресрет на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон на 2 март. Се очекува Макрон да испрати пораки за улогата на францускиот нуклеарен арсенал во европската безбедност.
Белгискиот министер за одбрана се осврна и на коментарите на Мерц за проектот „Фјучр Комбат Ер Систем’ (Future Combat Air System) – борбен авион од нова генерација што го развиваат Германија, Шпанија и Франција.
„Системот е мртов, според германскиот канцелар во овој подкаст. Нема да има француско-германски борбен авион од шеста генерација. Белгија беше набљудувач во таа програма. Ќе ја преиспитаме нашата позиција“, наведе Франкен.
SCAF is dood aldus de Duitse bondskanselier @bundeskanzler in deze podcast. Er komt geen Frans-Duits zesde generatie jachtvliegtuig.
België was observator in het programma. We zullen onze positie herbepalen.
Ivm de nucleaire afschrikking begrijp ik echt niet waarom Europese…
— Theo Francken (@FranckenTheo) February 18, 2026

