Црна хроника
Двајца млади скопјани притворени за препродавање марихуана
Единицата за недозволена трговијад со дрога на СВР Скопја во два одделни случаи поднесе кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство против 25-годишниот И.С. и 24-годишниот Б.И. , и двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
За сторените кривични дела предвидени и казниви по член 215 од КЗ, од страна на судија на претходна постапка, на двајцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.
Во првиот случај, пријавениот И.С. во текот на декември минатата година, од засега непознати лица набавил поголема количина на марихуана и амфетамин, кои во текот на минатиот месец во својот дом во населбата Ѓорче Петров ги препакувал во помали паковки со намера да ги продава на уживатели од Скопје.
По добиеното и потврдено сознание дека пријавениот препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, со наредба од судија на претходна постапка, е извршен претрес во домот и другите простории на пријавениот. При извршениот претрес кај истиот биле пронајдени и одземени еден килограм и 199 грама марихуана спакувана во едно полиетиленско кесе, 18,23 грама амфетамин спакувана во едно полиетиленско кесе и една дигитална вага на која биле детектирани траги од марихуана, кокаин и амфетамин.
Во вториот случај поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, полициски службеници од Одделението за имотни деликти и малолетничка деликвенција Центар-Бит Пазар, постапувајќи по наредба од судија на претходна постапка, на извршиле претрес во домот на пријавениот Б.И. при што биле пронајдени и одземени три полиетиленски кесиња во кои имало спакувано вкупно 408 грама наркотична дрога марихуана.
Со него бил извршен разговор од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, при што истиот делумно појаснил од каде ја набавил дрогата и на кого планирал да ја продаде./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Видео) Пронајдени и запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во струшко
Денеска во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Охрид, бил пријавен за исчезнат пред четири дена
На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешни оранжерии на улицата „1 Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.
По преземени мерки, вчера е утврдено дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18.25 часот, во СВР Охрид бил пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.
По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.
Црна хроника
МВР: Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
Скопјанка на возраст од 82 години била измамена за 170 илјади денари во уште една измама со лажна сообраќајка.
„На 06.12.2025 во 10:20 часот во СВР Скопје, 82-годишна жена од Скопје пријави дека била измамена од едно лице за сума од околу 170.000 денари. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и на оштетената и кажало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која починало дете и дека е потребно да плати за да не оди во затвор. Како што е пријавено, таа излегла на улицата и ги дала парите на машко лице, но подоцна сфатила дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа, односно дека е измамена“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

