Македонија
КЗП: Судството се уште работи и суди по двојни аршини
Комитетот за заштита на правата (КЗП) ја информира јавноста дека судството во Република Македонија се уште работи и суди по двојни аршини. Од една страна, со умисла се кочат и опструираат предметите кои што ги работи СЈО, штитејки осмничени криминалци за тешки кривични дела против државата или милионски финансиски злоупотреби, велат од КЗП.
Од друга страна, кога станува збор за обични граѓани, судот се однесува најсурово и надвор од границите на разумот, вон сите примери на судска пракса во Македонија, регионот, ЕУ, па и пошироко, додаваат од КЗП.
„Денес, во кривичниот Суд Скопје 1-Скопје беше објавена пресуда за кривично дело трговија со дрога, а се судеше за 2,8 килограми марихуана. За 2,8 килограми марихуана, им се судеше на 9 граѓани а вкупната затворска казна која што беше изречена е 45 години затвор. Највисоката казна е 13 години затвор, другите казни се 9, 8, 6, и 4 години а најниските казни се по 1,5 години затвор. За апсурдот да биде најголем, за тој кривично правен настан веќе постои правосилна пресуда“, потенцираат од КЗП.
Очигледно, насушно потребните реформи во судството треба да се започнат со основните постулати во кривичното законодавство, а тоа е правилото на res judicata – односно забрана да се суди за веќе пресудена работа, заклучуваат од Комитетот за заштита на правата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

