Македонија
Советникот Методи Витанов во Струмица ќе делува како независен
Викендот, советници во Општина Струмица од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, изјавија дека еден советник, преминал од ВМРО-НП во нивни редови, со што СДСМ и градоначалникот Зоран Заев ја губат поддршката на народот и повеќе не се мнозинство за управување со градот, а во понеделник, советникот се јави со видео во кое вели дека е изманипулиран и дека од сега ќе делува независно.
„Грубо сум изманипулиран од централното раководство на ВМРО-НП која до вчера коалицираше со СДСМ во Советот на Струмица, почитувајќи ја нивната одлука за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Струмица“, вели во видео изјава советникот Методи Витанов, за кој вчера беше објавено дека преминал во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, со што дојде до нов распоред на силите.
„Поради несериозноста на централното раководство на ВМРО-НП си давам оставка од партијата. Понатамошниот мандат во Советот на општина Струмица ќе го водам како независен советник, поддржувајќи ја советничката група на СДСМ“, вели Витанов, во видео изјавата.
Вчера, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека имаат ново советничко мнозинство во Советот на Струмица откако Витанов влегол во нивните редови, барајќи итна седница за верификација на мнозинството, избор на нов претседател и вд градоначалник. Од СДСМ, пак, побараа, Витанов да ја преиспита одлуката./крај/мф

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

