Црна хроника
Стружанец со автомобил влетал во Црн Дрим и се удавил

Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што во саботата околу 17 часот се случила на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дрим, соопштуваат од СВР Охрид.
Едно лице го загуби животот во сообраќајната незгода што во саботата околу 17 часот се случила на кеј „8 ноември“ во Струга во близина на реката Црн Дрим, соопштуваат од СВР Охрид.
На лице место починал 48-годишниот Невзат М., кој додека бил во својот автомобил „Даеву Нексија“, започнал да го придвижува возилото наназад, пришто тоа излетало и паднало во водите на Црн Дрим.
Поради брзината на водата во реката, возилото веднаш било завлечено по течението. Подоцна возилото било извадено од екипи од противпожарната единица и специјално возило на влечна служба. Смртта била констатирана од доктор на брза помош од Струга.
На местото на настанот увид изврши надлежен јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Струга. По наредба на јавниот обвинител, денес врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и вонреден технички преглед врз патничкото моторно возило./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во полиција пријавен 17-годишник од установа за згрижување деца: агресивно се однесувал, се заканувал, па искршил инвентар во службените простории

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Организациона единица Влае било пријавено дека нивниот штитеник 17-годишниот Р.М. го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените простории, по што се оддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.