Црна хроника
Битолчанец нападнал малолетни ученици за 200 денари
Во средата, во СВР Битола, двајца малолетници со престој во Државен ученички дом „Мирка Гинова“– Битола, во присуство на воспитувач, пријавиле дека истиот ден околу 6.50 часот непознат сторител им извршил разбојништво.
Додека учениците оделе на училиште, во градскиот парк во близина на сендвичарите биле пресретнати од непознато машко лице, кое им побарало лични карти и ги прашувало каде учат, а потоа им побарало 150 денари, на што пријавителите одговориле дека немаат. Во тој момент непознатото лице извадило нож на преклоп и заканувајќи им се, им побарал пари, по што од едниот малолетник одзел 200 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот А.Ј.(41) од Скопје пријавил дека на 17.11.2024 на подрачјето на Гази Баба бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и се претставило дека работи во Центарот за социјални работи и дека доколку пријавителот сакал да ги земе своите пари, кои не му биле подигнати од центарот, наредниот ден на 18.11.2024 требало да даде 18.500 денари за услугата.
Откако пријавителот ги предал парите на претходно договореното место на едно женско лице, по кратко време сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Maлолетник нападнат од неколку лица о Карпош
Малолетник бил нападнат пред два дена од страна на неколку лица на подрачјето на Карпош.
Случајот во полицијата го пријавил едниот од родителите на момчето, а од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
За биткоини измамена 59-годишна кумановка: оштетена за над 88 илјади денари
Во СВР Куманово вчера во 11.40 часот 59 – годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 88.338 денари.
Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите.
Како што е пријавено, за да може да и ги префли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит, парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.