Македонија
ЕУ со донација од 33 возила за МВР во справувањето со мигрантската криза
Во петокот во Министерството за внатрешни работи еврокомесарот за пристапни преговори и соседска политика Јоханес Хан предаде 33 возила, како дел од поддршката за македонските институции кои беа вклучени во справувањето со миграциската криза кои се набавени преку фондовите на Европската Унија.
Донација е вредна над 800 илјади евра, и се состои од 33 теренски возила за потребите на граничната полиција и Центарот за управување со кризи. „Размерите на овој предизвик со кој се соочува не само Европа, туку и целиот свет се без преседан. Причините поради тоа се комплексни и не постои еден единствен лек. Тоа што изискува е да им се помага на луѓето кои имаат потреба за помош, како и да им се помогне и да се поддржат земјите што се обидуваат да се справат со оваа криза и притоа целосно да се испочитуваат европските, како и меѓународните стандарди“, истакна Хан.
Вицепремиерот за евроинтеграции Арбр Адеми во своето обраќање посочи дека од почетокот на мигрантската криза Европската унија има обезбедено финансиска помош Република Македонија во износ од 19 милиони евра за справување со мигрантската криза од кои 14.5 милиони евра за реализација на т.н. Специјални мерки на ЕУ за справување со мигрантската криза.
„Мигрантската криза ни покажа дека овој регион треба што е можно побрзо да стане дел од европското семејство бидејќи заедничките напори и соработка се најсоодветниот одговор на сите предизвици “, додаде Адеми.
Адеми изрази благодарност до Делегацијата на ЕУ за активната поддршка и помош при планирањето и реализацијата на помошта наменета за справување со последиците од мигрантската криза, и очекување дека ваквиот пристап ќе се рефлектира и на останатите мерки./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

