Македонија
Отворени новите простории на градинката „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров
Новите простории на објектот „Детелинка“ кој е дел од градинкаата „Росица“ во Општина Ѓорче Петров, во петок беа посетени од министерот за труд и социјална политика , Ибрахим Ибрахими и градоначалникот на општината Ѓорче Петров.
Изградениот дел на објектот „Детелинка“ располага со една занимална, ходник опремен со гардеробери за деца, санитарна просторија за деца опремена со мијалници и тоалетни шолји.
Во новата занимална ќе бидат згрижени 30 деца, а објектот „Детелинка“ ќе функционира со 10 групи со капацитет за 205 деца на возраст од 2-3 години, со што објектот за деца со извршената промена, според развиеноста ќе биде со среден капацитет.
Градежните работи на новиот дел се реализирани со финансиски средства од страна на општина Ѓорче Петров, а опремувањето е од страна на ЈОУДГ „Росица“ – Ѓорче Петров.
Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Митровски за годинава најави изградба на уште еден објект за згрижување на деца во село Волково./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

