Свет
CNN: Разузнавањето добило потврда за дел од компромитирачкото досие за Трамп

Американските разузнавачки агенции првпат добиле потврда за некои од податоците од ткн досие кое наводно го правела Русија со компромитирачки информации за актуелниот американски претседател Доналд Трамп, тврди телевизијата CNN повикувајќи се на извори во разузнавачката заедница.
Во извештајот се наведува дека новите информации „не се однесуваат на непристојните обвиненија“ во ткн досие, но се однесуваат „на десетици разговори меѓу руски функционери и обични руски граѓани“. Изворите одбиле за CNN да ги откријат темите и содржините на тие разговори, датумите и учесниците, коишто според нив се совпаѓаат со описите во досието. Тоа било можно да се утврди врз основа на транскриптите од прислушувањето на телефонските разговори и други комуникации, се прецизира во прилогот на CNN.
Се додава и дека според американските разузнавачи потврдено е дека „Русите зборувале меѓу себе за споменатиот извештај, но не можело да се утврди дека тие разговарале токму за Трамп“. Притоа, неименуваните Руси, наводно „учествувале во собирањето на информациите, кои можеле да им наштетат и на Хилари Клинтон и на Доналд Трамп“. Но, сепак, според изворите на телевизијата американските разузнавачи не можеле да заклучат дали Русија поседува навистина инкриминирачки докази за Трамп, како што категорично се тврди во претходниот извештај.
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер во петокот на барање на CNN да ги коментира новите информации рече дека „Репортажите на CNN со фабрикувани вести и натаму предизвикуваат чувство на гадење“.
Оваа телевизија претходно во јануари, повикувајќи се на информации кои наводно биле добиени од американски функционери, објави дека на специјалниот брифинг во Њујорк шефовите на американските разузнавачки агенции тогаш сé уште неинаугурираниот претседател Доналд Трамп го запознале со наводно постоечки докази дека руското разузнавање поседува информации од лична и финансиска природа, кои може да го дискредитираат како претседател на САД.
Според CNN, за време на брифингот на тогаш новоизбраниот претседател бил направен обид да му се укаже дека Москва собирала компромитирачки материјали за членовите на двете водечки партии во САД, но оти до јавноста станале познати само оние за демократската кандидатка Хилари Клинтон, бидејќи како што претходно се тврдеше во Вашингтон, Кремљ го фаворизирал и преку хакерски упади и медиумите му помогнал на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да победи на ноемвриските избори.
Потоа порталот BuzzFeed објави триесетина страници од „досието“ во кое се наведува дека руските служби поседуваат информации за „валканиците“ на Трамп.
Подоцна весникот The Wall Street Journal објави дека споменатиот извештај претставен на брифингот во Њујорк бил направен од приватната компанија „Оrbis Business Intelligence Ltd.“ со седиште во Лондон која е во сопственост на поранешен британски разузнавач кој работел во Брисел и Москва, а работи деликатни доверливи задачи за приватни клиенти и компании.
Самиот Трамп овие објави и нарече „лажни и тотален политички лов на вештерки“ и ги спореди со „дејствувањето на нацистичка Германија“. .
Шефот на 17-те американски разузнавачки агенции Џејмс Клапер изјави дека споменатото досие не е направено од разузнавањето на САД, но дека со Трамп разговарал за руските хакерски напади врз американски политички институции во периодот на кампањата. Специјалната комисија на Сенатот за разузнавање одби да ги истражува изложените во споменатото досие „шпекулации за контактите“ меѓу предизборниот штаб на Трамп и високи личности во Русија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Светската здравствена организација тестира смртоносен сируп против кашлица

Светската здравствена организација (СЗО) побара информации од Индија за тоа дали сирупот против кашлица поврзан со смртни случаи кај деца во земјата е извезен во други земји, соопшти денес агенцијата.
СЗО изјави за Ројтерс дека ќе разгледа издавање глобално предупредување за медицински производ во врска со сирупот Колдриф откако ќе добие официјални информации од Њу Делхи, објави Ројтерс.
Според информациите од локалните власти, најмалку 17 деца под петгодишна возраст починале во текот на изминатиот месец откако консумирале сируп што содржел високи концентрации на токсичното соединение диетилен гликол, речиси 500 пати над законската граница.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Бурата „Барбара“ ја зафати Романија: затворени училишта, луѓе качени на покривите на автомобилите за да преживеат

Бурата „Барбара“ предизвика огромни проблеми во Романија.
Поради бурата што зафати делови од Романија во вторникот вечерта и рано утрово, наставата беше откажана во училиштата, јавниот превоз беше привремено прекинат, дрвјата беа исечени, канализациите беа блокирани, а улиците беа поплавени, како и неколку згради во округот Констанца.
Според локалните власти, спасувачките екипи се бореа со последиците од бурата во Романија цела ноќ.
Алармантна ситуација се случи во Констанца, каде што водата однесе автомобил, а еден човек се качи на хаубата на автомобилот и чекаше да биде спасен. Тој е во болница поради хипотермија.
Интервентните екипи работеа на спасување на лицето, а исто така ја отстранија и водата од зградите и дрвјата што паднаа на електричните кабли.
„Поради силните временски услови, водата го однесе автомобилот, а патникот се засолни на хаубата. Интервентните тимови спасија уште две лица заробени во водата, кои беа на покривот на автомобилот“, известуваат властите.
Како превентивна мерка, градските власти утрово наредија привремено прекинување на сообраќајот на јавните автобуси, за да не се попречи интервенцијата на теренските тимови.
Наставата е откажана
Наставата е откажана во среда за повеќе од 109.000 ученици од 205 училишта во округот Констанца.
Циклонот што ја погоди Романија се вика „Барбара“.
Регион
Завршени обдукциите на четворицата државјани на Малта кои загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска

Давењето е најверојатната причина за смртта на двата брачни пара од Малта кои загинаа минатиот четврток во тешка сообраќајна несреќа во Буница кај Сењ, Хрватска, кога нивниот автомобил излеѕа од Јадранската магистрала во морето.
Ова го открија прелиминарните резултати од обдукцијата спроведена во Риечкиот институт за судска медицина и криминалистика, пишува риечкиот портал Бурин.
Иако лабораториските тестови сè уште се во тек, давењето се смета за најверојатна причина за смртта. Починатиот Џереми Гамбин (68), неговата сопруга Лорејн (67), Кевин Боничи (67) и неговата сопруга Александра (66) претрпеле само полесни повреди кои не можат да се поврзат со смртта.
Се верува дека сите носеле безбедносни појаси кога нивниот „ленд ровер дискавери“ излетал клисурата, а потоа и во морето.
Веднаш по несреќата, се сомневаше дека на возачот му се слошило, поради што ја изгубил контролата врз возилото на малата кривина. Сепак, обдукцијата не ја потврдила оваа шпекулација, објавија хрватските медиуми.
Утврдено е дека сите жртви имале здрави срца, без претходни срцеви удари или други здравствени проблеми што би можеле да ја предизвикаат несреќата.
Останува нејасно зошто возачот, за кој се верува дека е Кевин Боничи, ја изгубил контролата врз возилото. Тој бил пронајден во скутот на патникот Џереми Гамбино, додека нивните сопруги биле на задното седиште.
Трагедијата покрена голем број прашања, првенствено зошто патниците не можеле да излезат од автомобилот, кој потонал на длабочина од 11 до 12 метри.
Никој од нив не претрпел повреди што би предизвикале губење на свеста, но вратите од смачканото возило не можеле да се отворат.
Автомобилот, кој мажот од Малта го изнајмил на аеродромот во Загреб, бил извлечен од морето минатиот петок. Нуркачи и камион за влечење учествувале во операцијата.
Полицискиот службеник Јасмин Мујаковиќ, кој прв пристигнал на местото на настанот, скокнал во морето и нуркал неколку пати, но безуспешно се обидел да ја отвори вратата. Телото на една жена исплутало од возилото, додека другите три жртви биле пронајдени во автомобилот.
фото: принтскрин